Не можам да се најавам на HBO Max

Кој уред го користиш?

Ако не можеш да се најавиш на телефонот или таблетот, обиди се со овие чекори:

Чекор 1: Обиди се со друг уред

Обиди се да се најавиш на HBO Max на друг поддржан уред, на пр., компјутер на HBOMax.com или на телевизорот.

Ако можеш да се најавиш на друг уред, види Решавање проблеми на телефон или таблет. Ако сè уште не можеш да се најавиш, обиди се со следниот чекор.

Чекор 2: Ресетирај ја лозинката

Обиди се со ресетирање на лозинката. Ако ова не успее, види Не можам да ја ресетирам лозинката.

Чекор 3: Обнови ја претплатата

Ако имаш започнато претплата користејќи ја апликацијата HBO Max, обиди се да ја обновиш претплатата во продавницата за апликации.

Ако не можеш да се најавиш на HBOMax.com, обиди се со овие чекори:

Чекор 1: Ажурирај го прелистувачот

  • Провери дали користиш поддржан прелистувач.
  • Провери дали има достапно ажурирање за прелистувачот. За да дознаеш како да го направиш ова, на интернет пребарај ажурирање + името на прелистувачот (на пр., ажурирање на Chrome).

Чекор 2: Обиди се со друг уред

Обиди се да се најавиш на телефон, таблет или телевизор. Ако не можеш да се најавиш на ниеден уред, обиди се со ресетирање на лозинката Ако ова не успее, види Не можам да ја ресетирам лозинката. Ако можеш да се најавиш на друг уред, обиди се со следниот чекор.

Чекор 3: Повторно вчитај го HBOMax.com.

Оди на HBOMax.com и направи тврдо освежување на страницата (ова не е исто со копчето Повторно вчитај во прелистувачот).

За да дознаеш како да го направиш ова, на интернет пребарај „тврдо освежување“ + името на прелистувачот (на пр., „тврдо освежување на Firefox“). Ако го користиш прелистувачот Chrome на компјутер, држи го копчето Ctrl и кликни на копчето Повторно вчитај (кај Chrome на Mac, држи го копчето Shift и кликни на копчето Повторно вчитај).

Откако страницата повторно ќе се вчита, обиди се повторно да се најавиш.

Чекор 4: Обиди се со друг прелистувач.

Обиди се да користиш друг поддржан прелистувач. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е ограничен на одреден прелистувач. Провери дали се овозможени колачиња во прелистувачот.

Чекор 5: Исчисти ги колачињата и кешот

  1. Исчисти ги колачињата за HBOMax.com од прелистувачот. За да дознаеш како да го направиш ова, пребарај „колачиња“ во делот за помош во прелистувачот.
  2. Затвори и повторно отвори го прелистувачот.
  3. Оди на HBOMax.com и обиди се повторно да се најавиш.

Ако сè уште не можеш да се најавиш, обиди се со чистење на кешот на прелистувачот. За да дознаеш како да го направиш ова, пребарај „чистење кеш“ во делот за помош во прелистувачот.

Ако не можеш да се најавиш на телевизискиот уред, обиди се со овие чекори:

Чекор 1: Обиди се со друг уред

Обиди се да се најавиш на HBO Max на телефон, таблет или компјутер (на HBOMax.com).

Чекор 2: Ресетирај ја лозинката

Ако не можеш да се најавиш на ниеден уред, обиди се со ресетирање на лозинката. Ако ова не успее, види Не можам да ја ресетирам лозинката.

Чекор 3: Кодот не работи?

(Android TV, LG Smart TV, Samsung TV, Vodafone, или Xbox)

Ако можеш да се најавиш на друг уред (само не на телевизорот), обиди се со чекорите од Кодот не работи?

Чекор 4: Обнови ја претплатата

Ако имаш започнато претплата користејќи ја апликацијата HBO Max, обиди се да ја обновиш претплатата во продавницата за апликации.