Ја заборавив мојата е-пошта или лозинка за HBO Max
Ако не се сеќаваш на адресата на е-пошта за сметката или на лозинката, употреби ги следниве информации за да се најавиш на HBO Max.
Еве како да се најавиш без лозинка:
- Кога ќе ти биде побарана лозинката, избери Испрати ми код.
- Провери дали во приемното сандаче имаш е-порака од HBO Max (наслов на е-пораката: Временски ограничено: твојот еднократен код за HBO Max). Оваа е-порака треба да стигне во рок од неколку минути. Побарај ја во сите папки на приемното сандаче (вклучувајќи Promotions, Junk и Spam). Не ти стигна е-пораката?
- Внеси го 6-цифрениот код од е-пораката.
- Ако се бара, додај лозинка или ажурирај ја лозинката за твојата сметка.
- Избери кој гледа и сѐ е подготвено да започнеш со гледање.
Ако не си ја знаеш лозинката за HBO Max, може да ја ресетираш. Треба да имаш пристап до адресата на е-пошта за сметката за да можеш да ја ресетираш лозинката. Ако повеќе немаш пристап до твојата адреса на е-пошта, контактирај нѐ.
Еве како да ја ресетираш лозинката:
- Оди на hbomax.com/forgot-password.
- Внеси ја адресата на е-пошта за твојата сметка на HBO Max и избери Испрати. Ја заборави адресата на е-пошта за сметката?
- Провери дали во приемното сандаче имаш е-порака за ресетирање на лозинката на HBO Max. Оваа е-порака треба да стигне во рок од неколку минути.
- Отвори ја најновата е-порака за ресетирање на лозинката и избери Ресетирај ја лозинката.
- Внеси нова лозинка и избери Зачувај.
Сега, најави се со адресата на е-пошта за сметката и со новата лозинка.
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката на HBO Max, оди на Не можам да ја ресетирам лозинката.
Ако не си ја знаеш адресата на е-пошта за сметката на HBO Max, еве неколку предлози:
- Пребарај дали имаш е-порака од HBO Max на сите твои адреси на е-пошта.
- Пребарај во сите папки од приемното сандаче (вклучувајќи ги Promotions, Junk и Spam).
Кога ќе ја најдеш сметката на е-пошта поврзана со е-пораки од HBO Max, најави се со таа адреса на е-пошта.
Ако се имаш најавено на некој уред, еве како да ја најдеш адресата на е-пошта:
- Во HBO Max, направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Сметка.
- Телевизор: избери ја иконата „Поставки“
, па Сметка.
- Запомни ја адресата на е-пошта за сметката.
Дали имаш друга адреса на е-пошта што би можела да е поврзана со сметката? Ако имаш, обиди се со следниве чекори:
- Оди на hbomax.com/forgot-password.
- Внеси друга адреса на е-пошта и избери Испрати.
- Почекај неколку минути и провери дали во приемното сандаче имаш е-порака за ресетирање на лозинката за HBO Max.
Ако постои сметка што е поврзана со внесената е-пошта, ќе добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за HBO Max. Ако не добиеш ваква е-порака, обиди се со следниве чекори за секоја од сметките на е-пошта.
Погрешно напишана е-пошта или повеќе немаш пристап
Ако адресата на е-поштата за сметката има печатна грешка или ако повеќе немаш пристап до адресата на е-пошта, контактирај со нас.
Решавање проблеми
Не ја доби пораката со еднократниот код?
Кога се најавуваш без лозинка, треба да добиеш е-порака со код во рок од неколку минути. Ако не ја добиеш пораката, обиди се со следново:
Прво, пребарај ги сите папки од приемното сандаче (вклучувајќи ги Promotions, Junk и Spam) и побарај е-порака со наслов: Врска за ресетирање на твојата лозинка за HBO Max. Е-пораката ја испраќа HBO Max (HBO Max@service.hbomax.com).
Твојата сметка на HBO Max можеби е поврзана со друга адреса на е-пошта. Обиди се да се најавиш со друга адреса на е-пошта. Кога ќе ти биде побарана лозинка, избери испрати ми код и следи ги чекорите за опцијата Најави се без лозинка.
Ако се имаш најавено на HBO Max на некој уред, еве како да ја најдеш адресата на е-пошта:
- Во HBO Max, направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Сметка.
- Телевизор: избери ја иконата „Поставки“
, па Сметка.
- Најди ја адресата на е-пошта за сметката.
- Најави се на HBO Max со оваа адреса на е-пошта. Кога ќе ти биде побарана лозинка, избери испрати ми код и следи ги чекорите за опцијата Најави се без лозинка.