Промени ги информациите за сметката
Погрешно напишана е-пошта или не може да се пристапи до е-поштата?
Ако погрешно ја напиша адресата на е-пошта при создавањето на сметката или ако повеќе немаш пристап до е-поштата, контактирај со нас.
Информациите за сметката на HBO Max (е-пошта, лозинка, број на мобилен телефон и име) може да ги менуваш на телефонот, таблетот или компјутерот.
Што сакаш да промениш?
Најави се на HBO Max на телефонот, таблетот или на компјутерот. Не можеш да се најавиш?
Избери го профилот, па Сметка.
Избери ја иконата „Уреди“
што се наоѓа до „Адреса на е-пошта“.
Внеси нова адреса на е-пошта и избери Зачувај. Ќе ти испратиме е-порака на тековната адреса на е-пошта.
Не можеш да пристапиш до тековната е-пошта? Ако немаш пристап до твојата тековна адреса на е-пошта, контактирај со нас за помош.
Провери дали имаш е-порака од HBO Max во приемното сандаче (наслов на е-пораката: Потврди ја промената на адресата на е-пошта). Е-поракава би требало да пристигне за неколку минути. Не ја доби е-пораката?
Отвори ја е-поракава и избери Потврди ја промената.
Твојата адреса на е-пошта е ажурирана (најави се на сите уреди со ажурираната адреса на е-пошта).
Најави се на HBO Max на телефонот, таблетот или на компјутерот. Не можеш да се најавиш?
Избери го профилот, па Сметка.
Избери ја иконата „Уреди“
што се наоѓа до „Лозинка“.
Внеси ја тековната лозинка. Не можеш да ја ажурираш лозинката?
Ако не си ја знаеш лозинката, може да ја ресетираш.
Внеси нова лозинка и избери Зачувај.
Лозинката е ажурирана и сметката е одјавена од сите уреди. Сега, најави се на HBO Max со новата лозинка.
Може да го додадеш твојот број на мобилен телефон како дополнителен начин за најавување. Еве како:
Најави се на HBO Max на телефонот, таблетот или на компјутерот. Не можеш да се најавиш?
Избери го твојот профил, па Сметка > Додај број на мобилен телефон.
Ќе испратиме е-порака на адресата на е-пошта поврзана со твојата сметка.
Провери дали имаш е-порака од HBO Max во приемното сандаче (наслов на е-пораката: Твојот еднократен код за HBO Max). Е-поракава би требало да пристигне за неколку минути. Не ја доби е-пораката?
Внеси го 6-цифрениот код од е-пораката.
Внеси го твојот број на мобилен телефон и избери Потврди го бројот на мобилен телефон.
Внеси го 6-цифрениот код од текстуалната порака што е испратена на твојот број.
Сега може да се најавиш со бројот на мобилниот телефон или со е-пошта и лозинка.
Ако го додаде твојот број на мобилен телефон на сметката, еве како може да го промениш:
Најави се на HBO Max на телефонот, таблетот или на компјутерот. Не можеш да се најавиш?
Избери го твојот профил, па Сметка.
Избери ја иконата „Уреди“
што се наоѓа до „Број на мобилен телефон“.
Внеси го бројот на мобилниот телефон и избери Потврди го бројот на мобилен телефон. Ќе добиеш текстуална порака со код за верификација.
Внеси го кодот од текстуалната порака и избери Зачувај.
Сега, најави се на HBO Max со новиот број на мобилен телефон.
Најави се на HBO Max на телефонот, таблетот или на компјутерот. Не можеш да се најавиш?
Избери го профилот, па Сметка.
Избери ја иконата „Уреди“
што се наоѓа до „Име“.
Внеси нови име и презиме и избери Зачувај.
Решавање проблеми
Ако ја добиеш оваа порака, тоа може да значи дека адресата на е-пошта што ја внесе веќе е поврзана со сметка на HBO Max. Провери ја адресата на е-пошта што ја внесе или употреби друга адреса.
Ако ја добиеш оваа порака, тоа може да значи дека бројот на мобилен телефон што го внесе веќе е поврзан со сметка на HBO Max. Провери дали го внесе точниот број.
Ако ја добиеш оваа порака, значи дека внесената лозинка не се совпаѓа со таа што ја имаме за твојата сметка. За да го решиш ова, обиди се со следново:
Повторно внеси ја тековната лозинка (избери ја иконата со око за да се прикаже лозинката додека ја пишуваш).
Ако не доби е-порака за потврда од HBOMax@service.hbomax.com, обиди се со следново:
Пребарај во сите папки од приемното сандаче (вклучувајќи ги „Промоции“, „Непотребна е-пошта“ и „Несакана е-пошта“) за е-порака со следниов наслов: Потврди ја промената на адресата на е-пошта.
Повторно обиди се со чекорите за Промена на е-пошта со друга адреса на е-пошта. Новата е-пошта за сметката не смее да биде поврзана со друга сметка на HBO Max.
Ако не доби текстуална порака со код за верификација, обиди се со следново:
Врати се назад и повтори ги чекорите за додавање или промена на број на мобилен телефон објаснети погоре.
Избери Побарај нов код за да се испрати нова текстуална порака. Пораката треба да ја добиеш во рок од неколку минути.
Провери дали твојот телефон може да прима текстуални пораки (провери ја јачината на сигналот и мрежата и дали е исклучен авионскиот режим).
Провери дали телефонот е поставен да блокира пораки од непознати испраќачи.
Обиди се со рестартирање на телефонот.
Ако сè уште ти е потребна помош, контактирај со нас.