Мојот оператор не е на списокот

Ако се регистрира за HBO Max (или за HBO) преку оператор за интернет, мобилен гелефон или телевизија, треба да ја активираш претплатата на HBO Max пред да почнеш да гледаш HBO Max.

Постојат два начини да ја активираш претплатата на HBO Max:

  • Врска за активирање
  • Поврзи се со операторот

Ако компанијата преку која ја добиваш HBO Max не е наведена на екранот „Поврзи се со операторот“, треба да добиеш упатства за активирање од компанијата преку која се регистрира за HBO Max. Следи ги овие упатства за да ја активираш претплатата на HBO Max.

Избери ја твојата земја за да го најдеш списокот на оператори за HBO Max кои обезбедуваат врска за активирање.

Босна и Херцеговина
Бугарија
Хрватска
Чешка
Франција
Унгарија
Црна Гора
Северна Македонија
Полска
Романија
Србија
Словачка
Словенија
Шпанија
Шведска

Прашања и одговори за оператор

Што е оператор?

Операторот е тој преку кого се имаш претплатено и кој ти наплаќа за HBO Max (или за HBO). За список на оператори, оди на Оператори што нудат HBO Max.

Дали треба да ја активирам претплатата на HBO Max?

Зависи од тоа како добиваш HBO Max (или HBO):

  • Не: ако се имаш претплатено на HBOMax.com или преку апликацијата HBO Max, врати се и избери Најави се.
  • Да: ако ова ти е прво најавување и добиваш HBO Max со пакетот за интернет, мобилен телефон или телевизија, треба да ја активираш претплатата на HBO Max пред првпат да се најавиш на HBO Max.

Треба да ја активираш HBO Max само еднаш. Ако веќе ја имаш активирано претплатата на HBO Max, може да се најавиш со е-поштата и лозинката за HBO Max.