Продолжи со гледање од таму каде што застана

Кога ќе почнеш да гледаш нешто, HBO Max следи до каде си. Филмовите и емисиите што нема да ги догледаш, автоматски се додаваат во списокот „Продолжи со гледање“. Секој профил има свој список „Продолжи со гледање“. На овој начин можеш лесно да продолжиш со гледање филм или серија.

Како да продолжам да гледам нешто?
  1. Пронајди го редот Продолжи со гледање на почетниот екран (осигури се дека си најавен/а).
  2. Избери што сакаш да гледаш и ќе се пушти од таму каде што си застанал/а.

На повеќето уреди, исто така можеш да го избереш твојот профил и потоа да избереш Продолжи со гледање.

Како да менувам епизоди?

Прво, избери епизода од „Продолжи со гледање“ и потоа:

  • Xbox: Притисни на копчето A за да го прикажеш менито за репродукција, потоа помести го надолу и избери Повеќе епизоди.
  • Друг ТВ уред: Притисни го копчето Назад на далечинскиот управувач (копче за мени за Apple TV), а потоа оди надолу за да избереш друга сезона или епизода.
  • Телефон, таблет, компјутер: Над насловот на епизодата, допри или кликни на името на серијата. Потоа, оди надолу за да избереш друга сезона или епизода.
Не можеш да најдеш нешто во „Продолжи со гледање“?

Сè уште можеш да започнеш да гледаш од каде што застана. Еве како:

  • Телевизиски уред: Оди налево и избери ја иконата Серија (долж левиот раб). Потоа избери ја серијата што ја гледаш.
  • Телефон, таблет или компјутер: Избери ја иконата Мени (горен лев агол), избери Серии и потоа избери ја серијата што ја гледаш.
  • Избери ја иконата Пребарај, напиши го името на серијата и потоа избери ја серијата што ја гледаш.

Следната епизода се појавува на горниот дел од екранот. Оди надолу за дополнителни епизоди и сезони. Епизодите што веќе ги имаш гледано имаат лента за напредок.

Како да отстранам ставки?
  • Телефон или таблет: Допри на иконата Профил, потоа на Продолжи со гледање, а потоа на Уреди. Допри на X веднаш до ставката што сакаш да ја отстраниш или Исчисти ги сите за да отстраниш сè. Кога ќе завршиш со уредувањето, допри на Готово.
  • Компјутер: Избери ја иконата Профил (горе десно), потоа Продолжи со гледање, а потоа Уреди. Допри на X до ставките што сакаш да ги отстраниш или Исчисти ги сите за да отстраниш сè. Кога ќе завршиш со уредувањето, избери Готово.
  • ТВ уред: Избери ја иконата Профил (горе лево), потоа Продолжи со гледање, а потоа избери Уреди. Избери ја ставката(-ите) што сакаш да ја(ги) отстраниш или Исчисти ги сите за да отстраниш сè.

Види исто така: Создај список на она што сакаш да го гледаш

Претплатници на HBO GO или HBO Portugal
Информациите за твојот профил на HBO, како што се „Продолжи со гледање“ и „Мојот список“, не се достапни на HBO Max.