Преводи, титлови и аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиојазици и јазици на преводи. Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик. За помош при наоѓање наслови на други јазици, види Како да го променам јазикот?

Кој уред го користиш?

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака. Еве како:

Android телефон или таблет

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа допри го екранот.
  2. Во горниот десен агол, допри го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Под Преводи, допри на јазик.
    • Скриени титлови: Под Преводи, допри на англиски ЗТ или Исклучено.
  4. Допри на X за да ги зачуваш твоите промени.

За да го промените стилот на преводот и титлите:

  • Допрете го вашиот профил (горе десно), иконата Поставки (запченик, горе десно), потоа допрете или одете на Поставки за титловите и изберете Управување со преференции (ако е достапно).

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа допри го екранот v.
  2. Во горниот десен агол, допри го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Под Аудио, допри на јазик и потоа допри на X за да затвориш.
iPhone, iPad или iPod touch

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа допри го екранот.
  2. Во горниот десен агол, допри го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Под Преводи, допри на јазик.
    • Скриени титлови: Под Преводи, допри на англиски ЗТ или Исклучено.
  4. Допри на X за да ги зачуваш твоите промени.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

За да го промениш стилот на скриените титлови, оди на почетниот екран на уредот iOS, потоа Поставки > Пристапност > Преводи и затворени титли > Стил. За повеќе информации, види Преводи и скриено титлување на iOS.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа допри го екранот.
  2. Во горниот десен агол, допри го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Под Аудио, допри на јазик и потоа допри на X за да затвориш.

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака. Еве како:

Преводи или титлови

  1. Почни да гледаш нешто и потоа кликни на екранот.
  2. Во долниот десен агол, допри го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Под Преводи, избери јазик.
    • Скриени титлови: Под Преводи, кликни на англиски ЗТ или Исклучено.
  4. Кликни на X за да ги зачуваш твоите промени.

За да го промените стилот на преводот и титлите:

  • Изберете го вашиот профил (горе десно), потоа Поставки, одете надолу до Поставки за титловите и изберете Управување со преференции.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа кликни на екранот.
  2. Во долниот десен агол, кликни на копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Под Аудио, избери јазик и потоа кликни не X за да затвориш.

Safari: Не може да се исклучат титловите

Копчето Аудио и преводи не ги менува скриените титлови што ги имаш поставено во Претпочитани вредности за системот за macOS. За да ги исклучиш скриените титлови поставени во твоите Претпочитани вредности за системот за macOS, направи го следново:

  1. Избери го менито на Apple (горниот лев агол) и избери Претпочитани вредности за системот.
  2. Избери Пристапност и потоа избери Титлови.
  3. Избриши го квадратчето со штиклирање Претпочитам скриени титлови и SDH. Ако квадратчето со штиклирање е веќе избришано, избери го квадратчето со штиклирање и потоа избриши го повторно.

Кога ќе се вратиш на HBO Max, кликни на копчето Аудио и преводи за да ги вклучиш или исклучиш скриените титлови.

Избери го уредот што го користиш:

Android TV

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака.

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето Select на далечинскиот управувач (центар на навигацискиот прстен).
  2. Придвижи се се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Избери јазик на преводи.
    • Скриени титлови: Избери англиски ЗТ.
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачуваш твоите промени.

Промени го изгледот на скриените титлови

За да го промениш стилот на скриените титлови, избери ја иконата Поставки (запченик, долу лево), а потоа избери Скриено титлување. Овде може да ги приспособиш фонтот на скриените титлови, бојата, големината и непроѕирноста.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето Select на далечинскиот управувач (центар на навигацискиот прстен).
  2. Придвижи се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Под Аудио, избери јазик (ако е достапно).
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачуваш твоите промени.
Apple TV

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака. Еве како:

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто, потоа паузирај за да се појави менито за репродукција.
  2. Помести го екранот нагоре и избери Преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Избери јазик на преводи.
    • Скриени титлови: Изберете Преводи, а потоа избери англиски ЗТ или Исклучено.
  4. Кликни на пушти за да ги зачуваш твоите промени.

Промени го изгледот на скриените титлови

За да го промениш стилот на скриените титлови, оди на Apple TV на Поставки > Пристапност > Преводи и титли > Стил. Овде може да ги приспособиш фонтот на скриените титлови, бојата, големината и непроѕирноста.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

За повеќе информации, види Преводи и титлување на Apple TV.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто, потоа паузирај за да се појави менито за репродукција.
  2. Помести го екранот нагоре и избери Аудио (веднаш до преводи).
  3. Избери алтернативен јазик (ако е достапно).
  4. Кликни на пушти за да ги зачуваш твоите промени.
LG TV

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака.

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето Select на далечинскиот управувач (централно копче на D-pad).
  2. Придвижи се се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Избери јазик на преводи.
    • Скриени титлови: Избери англиски ЗТ.
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачуваш твоите промени.

Промени го изгледот на скриените титлови

За да го промениш стилот на скриените титлови, избери ја иконата Поставки (запченик, долу лево), а потоа избери Скриено титлување. Овде може да ги приспособиш фонтот на скриените титлови, бојата, големината и непроѕирноста.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промени аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето Select на далечинскиот управувач (централно копче на D-pad).
  2. Придвижи се се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Под Аудио, избери јазик (ако е достапно).
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачувап твоите промени.
Конзола PlayStation (во одредени земји)

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни на копчето X на контролорот на PlayStation.
  2. Придвижи се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Избери јазик на преводи
    • Скриени титлови: Избери англиски ЗТ.
  4. Притисни на копчето O за да ги зачуваш твоите промени.

Промени го изгледот на скриените титлови

За да го промениш стилот на скриените титлови, избери ја иконата Поставки (запченик, долу лево), а потоа избери Скриено титлување. Овде може да ги приспособиш фонтот на скриените титлови, бојата, големината и непроѕирноста.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни на копчето X на контролорот на PlayStation.
  2. Придвижи се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Избери аудиојазик
  4. Притисни на копчето O за да ги зачуваш твоите промени.
Samsung TV

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака. Еве како:

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето за надолу на далечинскиот управувач.
  2. Избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Избери едно од следниве:
    • Преводи: Избери јазик на преводи.
    • Скриени титлови: Избери англиски ЗТ.
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачуваш твоите промени.

Ако горенаведените чекори за скриени титлови не функционираат, промени ја поставката за скриени титлови на твојот Samsung TV. За да го направиш ова, оди во Поставки > Општо > Пристапност > Поставки за титли или пробај да го притиснеш копчето CC на далечинскиот управувач (поставките и далечинските управувачи се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот).

Промени го изгледот на скриените титлови

За да го промениш стилот на титловите, избери ја иконата Поставки (запченик, долу лево), а потоа избери Скриено титлување. Овде може да ги приспособиш фонтот на скриените титлови, бојата, големината и непроѕирноста.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето за надолу на далечинскиот управувач.
  2. Избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Под Аудио, избери јазик (ако е достапно).
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачуваш твоите промени.
Vodafone TV (во одредени земји)

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака. Еве како:

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето OK на далечинскиот управувач (централно копче на D-pad).
  2. Придвижи се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Избери јазик на преводи.
    • Скриени титлови: Избери англиски ЗТ.
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачуваш твоите промени.

Промени го изгледот на скриените титлови

За да го промениш стилот на титловите, избери ја иконата Поставки (запченик, долу лево), а потоа избери Скриено титлување. Овде може да ги приспособиш фонтот на скриените титлови, бојата, големината и непроѕирноста.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Аудиотраки

Некои серии и филмови имаат достапни повеќе аудиотраки. За да ги промениш аудиотраките:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето OK на далечинскиот управувач (централно копче на D-pad).
  2. Придвижи се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Под Аудио, избери јазик (ако е достапно).
  4. Притисни го копчето за назад за да ги зачуваш твоите промени.

Напомена  Уредите Vodafone TV Gen 1 и Gen 3 не поддржуваат алтернативно аудио во ова време.

Конзола Xbox (во одредени земји)

Може да ги вклучиш или исклучиш титловите или преводите, да го персонализираш нивниот изглед и да избереш аудиотрака. Еве како:

Преводи или титлови

За промена на преводите или скриените титлови:

  1. Почни да гледаш нешто и потоа притисни го копчето А на контролорот на Xbox.
  2. Придвижи се надолу и избери го копчето Аудио и преводи (говорно балонче).
  3. Направи едно од следниве:
    • Преводи: Избери јазик на преводи.
    • Скриени титлови: Избери англиски ЗТ.
  4. Притисни на копчето В за да ги зачуваш твоите промени.

Скриените титлови во моментов се достапни само на англиски јазик.

Промени го изгледот на скриените титлови

За да дознаеш како да го промениш стилот на титловите, оди на Xbox: Поставки за скриено титлување: