HBO Max се вчитува бавно, баферира или паузира

Многу фактори можат да влијаат на видеорепродукцијата, вклучително опсегот на мрежата, брзината на интернетот и достапната меморија на уредот.

Избери го уредот што го користиш:

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Ажурирај го софтверот
Ажурирај ја апликацијата HBO Max

Провери дали ја имаш најновата верзија на апликацијата HBO Max:

  • Android: отвори Play Store на уредот со Android и пребарај ја HBO Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, избери Ажурирај
  • iOS: отвори ја продавницата за апликации на уредот Apple и пребарај ја HBO Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, избери Ажурирај.
  • Таблет Amazon Fire: Отвори Amazon Appstore на таблетот Fire и пребарај ја HBO Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, избери Ажурирај.

Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја користиш HBO Max.

Ажурирај го софтверот на уредот
  • Android: Отвори „Поставки“, па избери Систем > Ажурирање на софтверот (чекорите може да се разликуваат во зависност од верзијата на Android).
  • iOS: Отвори „Поставки“, потоа избери Општо > Ажурирање на софтверот.
  • Таблет Amazon Fire: Отвори „Поставки“, па избери Опции на уредот > Ажурирања на системот.

Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја користиш HBO Max.

Тестирај ја брзината на интернетот

Еве како да ја тестираш брзината на интернетот:

  • Android: преземи апликација за тестирање на брзината на интернетот од Google Play Store и тестирај ја брзината на интернетот.
  • iOS: преземи апликација за тестирање на брзината на интернетот од продавницата за апликации на Apple и тестирај ја брзината на интернетот.
  • Таблет Amazon Fire: од почетниот екран на таблетот Fire, повлечи надолу, па избери ја иконата за безжично поврзување. Допри на мрежата на која се поврза и провери ја јачината на сигналот и брзината на врската.

За да гледате видео во HD, ви треба минимална брзина на преземањe од 5 Mbps.

Ресетирај или префрли се на Wi-Fi

Ресетирај ја Wi-Fi-врската

Ако телефонот или таблетот е поврзан на безжична мрежа, обиди се со следново:

  1. Вклучете го Авионскиот режим на телефонот или таблетот.
  2. Почекајте 10 секунди, а потоа исклучете го Авионскиот режим.
  3. Отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Префрли се на Wi-Fi врска

Ако користиш мобилен интернет, обиди се да се поврзеш на безжична мрежа за да видиш дали репродукцијата е подобрена. За да го направиш ова, на телефонот или на таблетот оди во „Поставки“ и поврзи се на Wi-Fi мрежа.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата Wi-FI мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај го телефонот или таблетот и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го телефонот или таблетот со HBO Max.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Вклучете го телефонот или таблетот, отворете ја HBO Max и обидете се да гледате нешто.
Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако пречките се појавуваат само на вашиот телефон или таблет, избришете ја аплијацијата HBO Max од телефонот или таблетот и иснталирајте ја повторно од продавницата за апликации. Потоа, отворете ја HBO Max и обидете се да гледате нешто.

Aко HBOMax.com баферира, еве што може да пробаш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери го прелистувачот

За најдобро искуство, препорачуваме да користиш поддржан прелистувач.

Ако користиш поддржан прелистувач, ажурирај го прелистувачот на најновата верзија. За да дознаеш како да го направиш ова, пребарај на интернет „ажурирање“ + називот на прелистувачот (на пр. ажурирај Chrome).

Обиди се со друг прелистувач

Обиди се со друг поддржан прелистувач (Chrome, Firefox, Microsoft Edge или Safari). Ако видеото се репродуцира успешно на друг прелистувач, провери ја конфигурацијата на прелистувачот:

  • Проверете дали се овозможени колачиња од трета страна.
  • Оневозможете го софтверот за блокирање реклами.
  • Исклучете го приватното прелистување или режимот инкогнито.
  • Оневозможете приклучоци, екстензии и додатоци на прелистувачот.

Затворете го и повторно отворете го прелистувачот, а потоа обидете се да гледате нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја интернет-врската за да се увериш дека имаш минимална брзина на преземање од 5 Mbps. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“. Ако брзината на преземање не го исполнува минимумот, обрати се до интернет-операторот за да го реши проблемот со брзината на интернетот.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирајте го компјутерот и мрежните уреди. Еве како:

  1. Затворете ги сите апликации и рестартирајте го компјутерот.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (на пр. модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го компјутерот, оди на HBOMax.com и пробај да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

За најдобри резултати, обиди се со жично поврзување со компјутерот (наместо Wi-Fi мрежа). За да го направиш ова, поврзи го компјутерот со уредот со помош на етернет-кабел.

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (на пр. модем, рутер итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Ако HBOMax.com не функционира како што очекуваше, избери го прелистувачот што го користиш:

AirPlay

За помош со AirPlay, избери го уредот од кој гледаш:

  • iPhone или iPad: избери Телефон или таблет погоре и потоа обиди се со чекорите за решавање проблеми.
  • Mac: избери Компјутер погоре и потоа обиди се со чекорите за решавање проблеми.
Телевизор Amazon Fire

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и телевизорот Amazon Fire.

  • Апликација HBO Max: на телевизор Fire, означи го полето HBO Max, а потоа притисни на копчето „Мени“ на далечинскиот управувач (копче со три линии). Во долниот десен агол, избери Повеќе информации > Ажурирај.
  • Телевизор Amazon Fire: на телевизор Fire, оди во Поставки > Мојот телевизор Fire > За > Провери за ажурирање на системот.
Тестирај ја брзината на интернетот

На телевизор Amazon Fire, оди во Поставки > Мрежа. Потоа, притиснетие го копчето „Гледај“ на далечинскиот управувач за да го провериш статусот на мрежата.

Исто така, може да преземеш апликација за тестирање на брзината на интернетот од Amazon Appstore и да ја тестираш брзината на интернетот. За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро искуство со гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+Mbps).

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Исчисти ги cache-меморијата и податоците на апликацијата
  1. На телевизор Fire, оди во Поставки > Апликации > Управувај со сите апликации.
  2. Избери ја HBO Max од списокот на инсталирани апликации.
  3. Избери Исчисти ја cache-меморијата, а потоа Исчисти ги податоците.
  4. Повторно отвори ја HBO Max, најави се и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирајте гo вашиот Fire TV и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекајте 30 секунди.
  3. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  5. На телевизор Amazon Fire, оди на Поставки > Мојот телевизор Fire > Рестартирај.
Обиди се со жична врска

Ако телевизорот Amazon Fire има порта за етернет, обиди се да го поврзеш телевизорот Fire со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизор Fire, избриши ја апликацијата HBO Max од телевизорот Fire и инсталирај ја повторно од Amazon Appstore. Потоа, отвори ја HBO Max и пробај да гледаш нешто.

Телевизор со Android

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и телевизорот со Android.

  • Апликација HBO Max: на телевизор со Android, означи ја апликацијата HBO Max, а потоа притисни и задржи го копчето „Избери“ и избери Прегледај детали > Ажурирај.
  • Телевизор со Android: На телевизорот со Android, оди на Поставки > Систем > За > Ажурирање на системот > Провери за ажурирање.
Тестирај ја брзината на интернетот

Преземи апликација за тестирање на брзината на интернетот од Goоgle Play Store и тестирај ја брзината на интернетот (или тестирај ја брзината на преземање на компјутерот што е поврзан на истата мрежа како и телевизорот со Android. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“).

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Исчисти ги cache-меморијата и податоците на апликацијата
  1. На телевизорот со Android, оди во Поставки > Апликации > Апликации за системот.
  2. Избери ја HBO Max од списокот на инсталирани апликации.
  3. Избери Исчисти ја cache-меморијата, а потоа Исчисти ги податоците.
  4. Повторно отвори ја HBO Max, најави се и обиди се да гледаш нешто.

Напомена Овие чекори се разликуваат во зависност верзијата на оперативниот систем Android.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај го телевизорот со Android и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекајте 30 секунди.
  3. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  5. На телевизорот со Android, оди во Поставки > За > Рестартирај > Рестартирај.
  6. Отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Напомена Овие чекори се разликуваат во зависност верзијата на оперативниот систем Android.

Обиди се со жична врска

Ако телевизорот со Android има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизор со Android , избриши ја апликацијата HBO Max од телевизорот со Android и инсталирај ја повторно од Google Play Store. Потоа, отвори ја HBO Max и пробај да гледаш нешто.

Apple TV

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и Apple TV.

  • Апликација HBO Max: оди во продавницата за апликации и побарај ja HBO Max. Ако има достапно ажурирање, избери Ажурирај.
  • Apple TV: на Apple TV, оди во Поставки > Систем > Ажурирања на софтверот > Ажурирај го софтверот.

Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

Преземи апликација за тестирање на брзината на интернетот од Apple App Store и тестирај ја брзината на интернетот (или тестирај ја брзината на преземање на компјутерот што е поврзан на истата мрежа како и Apple TV. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“).

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Исклучи ги отворените апликации

Отворените апликации може да користат мрежен опсег или достапна меморија. Обиди се да ги затвориш сите отворени апликации на Apple TV за да ослободиш ресурси за HBO Max. Еве како:

  1. На далечинскиот управувач на Apple TV, притисни го копчето „ТВ“ двапати и брзо.
  2. Повлечете нагоре за да ја напуштите избраната апликација (повлечете налево или надесно за да се движите низ отворените апликации).
  3. Откако ќе ги затвориш сите апликации, повторно отвори ја HBO Max и пробај да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај го Apple TV и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекајте 30 секунди.
  3. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  5. На Apple TV, оди во Поставки > За > Систем > Рестартирај.
  6. Отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако вашиот Apple телевизор има порта за етернет, обидете се да го поврзете уредот со рутерот со етернет кабел (наместо да користите Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на Apple TV, избриши ја апликацијата HBO Max од Apple TV и инсталирај ја повторно од продавницата за апликации на Apple. Потоа, отвори ја HBO Max и пробај да гледаш нешто.

Chromecast

За помош со Chromecast, избери го уредот од кој гледаш:

  • iPhone или iPad: избери Телефон или таблет погоре и потоа обиди се со чекорите за решавање проблеми.
  • Компјутер: избери Компјутер погоре и потоа обиди се со чекорите за решавање проблеми.
Hisense VIDAA TV

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и телевизорот VIDAA:

  • Апликација HBO Max: на твојот телевизор VIDAA, отвори ја VIDAA App Store и оди во Мои апликации, означи ја HBO Max и избери Ажурирај (ако е достапно).
  • Телевизор VIDAA: на твојот телевизор VIDAA оди во Системски поставки > Поддршка > Надградба на системот > Надградба на фирмверот.

Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа на која е поврзан и телевизорот VIDAA. За да го направиш тоа, отвори прелистувач и пребарај „тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот VIDAA и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го телевизорот VIDAA од напојување.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го телевизорот во напојување, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако телевизорот VIDAA има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизорот VIDAA, избриши ја апликацијата HBO Max од телевизорот VIDAA и инсталирај ја повторно од VIDAA App Store. Потоа, отвори ја HBO Max и пробај да гледаш нешто.

KPN TV (само за Холандија)

Апликацијата HBO Max не е достапна на уреди KPN TV во сите земји.

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери ја брзината на интернет-врската

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и уредот KPN TV. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледате видео во HD, ви треба минимална брзина на преземањe од 5 Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги уредот KPN TV и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го уредот KPN TV.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го уредот KPN TV, отвори HBO Max и пробај да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако уредот KPN TV има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Телевизор LG (во одредени земји)

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и телевизорот LG.

  • Апликација HBO Max: на телевизор LG, избери LG Content Store > Апликации > Мои апликации, па избери ја HBO Max и избери Ажурирај.
  • Телевизор LG: притисни го копчето „Поставки“ на далечинскиот управувач на телевизорот LG, потоа оди во Сите поставки > Општо > За овој телевизор > Провери за ажурирања.

Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Провери ја брзината на интернет-врската

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и телевизорот LG. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Затвори ја и повторно отвори ја HBO Max

Напомена Овие чекори се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот LG.

  1. Притисни и задржи го копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач на телевизорот LG , а потоа оди до неодамна користените апликации.
  2. Означете ја апликацијата HBO Max и притиснете го копчето Нагоре на далечинскиот управувач.
  3. Избери X за да ја затвориш HBO Max.
  4. Отвори ја HBO Max повторно и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот LG и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го LG телевизорот од напојување.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го телевизорот во напојување, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако телевизорот LG има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизорот LG, избриши ја апликацијата HBO Max од телевизорот LG и инсталирај ја повторно од LG Content Store. Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Телевизор Philips Titan

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и телевизорот Titan:

  • Апликација HBO Max: на телевизорот Titan, оди во Апликации и пребарај за HBO Max. Избери ја HBO Max и потоа Ажурирај.
  • Телевизор Titan: на телевизорот Titan, оди во Поставки > Ажурирај го софтверот > Пребарај за ажурирање.
Тестирај ја брзината на интернетот
  • Провери го мрежното поврзување од телевизорот Titan. Оди во Поставки > Жичено/Wi-Fi поврзување > Провери ја мрежата.
  • Тестирај ја брзината на преземање од компјутер поврзан на истата мрежа како телевизорот Philips Titan. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот Philips Titan и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го од напојување или исклучи го телевизорот Philips Titan.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го Philips Titan во напојување, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако телевизорот Philips Titan има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

PlayStation (во одредени земји)

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и конзолата Playstation.

  • Апликација HBO Max: на Playstation, означи ја HBO Max и притисни на копчето „Опции“ на контролерот, потоа Провери за ажурирања.
  • Конзола Playstation: на PlayStation, оди на менито „Поставки“ и избери Ажурирање на системскиот софтвер.

Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот
  1. На Playstation, оди на Поставки > Мрежа.
  2. Потоа, направи едно од следниве:
    • PlayStation 4: избери Тестирање на врската.
    • Playstation 5: на PlayStation, оди во менито „Поставки“ и избери Ажурирање на системскиот софтвер.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Затвори ја и повторно отвори ја HBO Max
  1. На PlayStation, означи ја апликацијата HBO Max, потоа притиснете го копчето Опции на контролерот на PlayStation.
  2. Избери „Затвори ја апликацијата“.
  3. Отвори ја HBO Max повторно и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај го PlayStation и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучете ја конзолата за PlayStation.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го повторно PlayStation во напојување, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Обиди се да го поврзеш PlayStation со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на PlayStation, избриши ја апликацијата HBO Max од PlayStation и инсталирај ја повторно од PlayStation Store. Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Roku (France only)

If HBO Max is buffering, here are some things to try. You may need to try more than one solution to fix the issue:

Check for updates

First, make sure your HBO Max app and Roku are up-to-date.

  • HBO Max app: On your Roku, use the direction pad to highlight the HBO Max channel. Press the Star button (*) to check for an update.
  • Roku: On your Roku, go to Settings > System > Software update > Check now. This will install software updates for your Roku streaming device and your channels.

Then, open HBO Max and try watching something.

Test your connection speed

Press the Home button on your Roku remote, then go to Settings > Network > Check connection. For more help, go to Roku’s Improve your wireless connection article.

To stream HD video, you need a minimum download speed of 5 Mbps. For the best 4K streaming experience, we recommend a download speed of 50+ Mbps.

Reduce activity on your network

If other people are using the same network, ask them to temporarily pause their activity. This will allocate as much bandwidth as possible for streaming HBO Max.

Restart your devices
  1. Unplug the power from your network devices (modem, router, etc.).
  2. Wait 30 seconds.
  3. Reconnect the power to your modem and wait for it to connect to the internet (about 1 minute).
  4. Reconnect the power to your router and wait for it to connect to the internet.
  5. On your Roku, go to Settings > System > Power > System restart > Restart.
  6. Open HBO Max and try watching something.
Try a wired connection

Try connecting your Roku to your router with an Ethernet cable (instead of using Wi-Fi).

Make sure the cables to your network devices (modem, router, etc.) are all tightly connected at both connection points. A loose coaxial or Ethernet cable can weaken the signal.

Try another device

Try streaming HBO Max on another supported device connected to the same network. This will help determine if the problem is related to your network or a specific device.

Samsung TV

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и телевизорот Samsung.

  • Апликација HBO Max: притисни го копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач, потоа избери Апликации > иконата за „Поставки“ запченик > Ажурирања.
  • Телевизор Samsung: притисни на копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач, потоа оди до иконата „Поставки“ запченик. Избери Поддршка > Ажурирања на софтверот > Ажурирај веднаш.

Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и телевизорот Samsung. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот Samsung и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекајте 30 секунди.
  3. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  5. Држи го притиснато копчето за вклучување на далечинскиот управувач на телевизорот Samsung додека телевизорот не се исклучи и повторно се вклучи.
  6. Отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Исчисти ги cache-меморијата и податоците на апликацијата

Некои телевизори Samsung имаат опција за бришење на cache-меморијата и податоците од апликацијата. Обиди се со следниве чекори:

  1. Притиснете го копчето „Почетен екран“ на далечинскиот управувач на Samsung телевизорот, а потоа одете до иконата „Поставки“.
  2. Избери Поддршка (ако е потребно), а потоа Грижа за уредот.
  3. Избери Управувај со меморијата.
  4. Најди ја HBO Max и избери Види детали.
  5. Избери Исчисти ја cache-меморијата.
  6. Избери Исчисти податоци.
  7. Отвори ја HBO Max, најави се и обиди се да гледаш нешто.

Напомена Чистењето на cache-меморијата и податоците не е достапно на сите телевизори Samsung и чекорите може да се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот. За повеќе информации, оди на samsung.com/support.

Обиди се со жична врска

Ако вашиот Samsung телевизор има порта за етернет, обидете се да го поврзете уредот со рутерот со етернет кабел (наместо да користите Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизорот Samsung, избриши ја апликацијата HBO Max од телевизорот Samsung и инсталирај ја повторно од продавницата за апликации на Samsung. Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Sony ТВ

Ако имаш телевизор Sony со вграден Android TV, обиди се со чекорите за телевизор со Android погоре.

Телевизор Vestel TiVo
Тестирај ја брзината на интернетот
  • Провери го мрежното поврзување од телевизорот Vestel TiVo. Оди во Поставки > Мрежа > Провери ја мрежата.
  • Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа на која е поврзан и телевизорот Vestel TiVo. За да го направиш тоа, отвори прелистувач и пребарај „тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го телевизорот Vestel TiVo од напојување.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го ТВ-уредот Vestel TiVo во напојување, отвори HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако телевизорот Vestel TiVo има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот директно со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Vestel Android TV

Ако имаш телевизор Vestel со вграден Android TV, обиди се со чекорите за Android TV погоре.

Vodafone TV или VodafoneZiggo-Telenet TV (во одредени земји)

Апликацијата HBO Max не е достапна на ТВ-уреди Vodafone во сите земји.

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања
  1. Апликација HBO Max: на Vodafone TV или на VodafoneZiggo TV, провери дали има ажурирање за HBO Max. Ако е достапно ажурирање, ажурирај ја апликацијата HBO Max на твојот телевизор.
  2. Vodafone TV или VodafoneZiggo-Telenet TV: на телевизорот, оди во Поставки > Уред > Поставки > За > Ажурирање на системот.
Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и твојот Vodafone TV или VodafoneZiggo TV. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледате видео во HD, ви треба минимална брзина на преземањe од 5 Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го од напојување или исклучи го твојот Vodafone TV или VodafoneZiggo TV.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го Vodafone TV или VodafoneZiggo TV во струја, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

VF TV Play (само Португалија)

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања
  • Апликација HBO Max: на уред VF TV Play, провери дали има ажурирање за HBO Max. Ако е достапно ажурирање, ажурирај ја апликацијата HBO Max на VF TV Play.
  • VF TV Play: на VF TV Play, оди во Поставки > Уред > Поставки > За > Ажурирање на систем.
Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа на која е поврзан VF TV Play. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледате видео во HD, ви треба минимална брзина на преземањe од 5 Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги VF TV Play и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучете го од напојување или исклучете го вашиот VF TV Play.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекајте 30 секунди.
  4. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го повторно VF TV Play во напојувањето, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Конзола Xbox (во одредени земји)

Ако HBO Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери го статусот на услугата Xbox

Провери го статусот на услугата на Xbox на страницата за статусот на Xbox.

Провери за ажурирања

Провери дали се ажурирани апликацијата HBO Max и конзолата Xbox.

  • Апликација HBO Max: на Xbox, оди во Мои игри и апликации, означи ја HBO Max и притисни на копчето „Мени“ на контролерот, потоа избери Управувај со апликацијата за да инсталираш ажурирање.
  • Конзола Xbox: на Xbox, оди во Профил и систем > Поставки > Систем > Ажурирања.

Потоа, отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

За да ја тестираш брзината на интернетот, оди на Проблеми со брзината на интернетот на Xbox и избери Направи тест за брзината на конзолата.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да ја паузираат својата активност. Ова ќе одвои што е можно повеќе опсег за пренос на HBO Max.

Напушти ја и повторно отвори ја HBO Max
  1. Притиснете го копчето Xbox на контролерот.
  2. Означи ja HBO Max, притисни го копчето „Мени“, а потоа избери Напушти.
  3. Отвори ја HBO Max повторно и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај го Xbox и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекајте 30 секунди.
  3. Повторно поврзете го напојувањето на модемот и почекајте да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзете го рутерот на напојување и почекајте да се поврзе на интернет.
  5. Притисни на копчето Xbox на контролерот и избери Рестартирај конзола > Рестартирај.
  6. Отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Обидете се да ја поврзете Xbox конзолата со вашиот рутер со етернет кабел (наместо да користите Wi-Fi).

Проверете дали каблите до вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет кабел може да го ослабне сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на Xbox, избриши ја апликацијата HBO Max од Xbox и инсталирај ја повторно од Xbox store. Потоа, отвори ја HBO Max и пробај да гледаш нешто.