Приватност на HBO Max
Приватноста е важна за нас. Ги собравме најчесто поставуваните прашања и одговори што треба да помогнат.
Политиката за приватност на HBO Max дава преглед кои информации ги собираме, како ги користиме и каде и како ги споделуваме. Нашата Политика за приватност е достапна на: HBOMax.com/privacy.
Нашата Политика за приватност за деца е достапна на: HBOMax.com/privacy/children.
Може да управуваш со преференциите за приватност и за собирање податоци во „Поставки“. Еве како:
- Во HBO Max, избери го својот профил, па Приватност и правни информации, а потоа избери Управувај со преференции за колачиња.
Периодично, преку е-пошта, може да ти испраќаме препораки за серии и за филмови, ажурирања за производи и специјални понуди. Ако не сакаш да ги добиваш овие е-пораки, може да ги исклучиш „Рекламирање преку е-пошта од HBO Max и поврзаните друштва“ во „Поставки“. За повеќе информации, оди на Поставки за HBO Max.
Сè уште ќе добиваш е-пораки за услуги на сметката (како на пример, кога менуваш лозинка или се најавуваш на нов уред).
Известувања за апликацијата: може да видиш известувања во скок-прозорец на телефонот или на таблетот за новите серии и филмови на HBO Max, како и други предлози или известувања. Може да ги исклучиш известувањата за апликацијата во Поставки на апликацијата на телефонот или на таблетот.
Известувања во апликацијата: ќе најдеш персонализирани предлози во мобилната апликација HBO Max. За да ги прегледаш предлозите, избери ја иконата ѕвонче во горниот десен агол на HBO Max (само за телефони и таблети). Известувањата во апликацијата се достапни само со Профили за возрасни.
- Со бришење на сметката нема да ја избришеш апликацијата од уредите.
- Ако создадеш нова сметка на HBO Max со истата адреса на е-пошта, нема да ги има претходните поставки, преземања и историјата на гледање.
Еве како да ја избришеш сметката на HBO Max:
Чекор 1: откажи ја претплатата
Ќе треба да ја откажеш претплатата пред да испратиш барање за бришење. За да дознаеш како да ја откажеш, оди на Како да го откажам HBO Max? Може да продолжиш да гледаш HBO Max додека ти истече претплатата.
Чекор 2: испрати барање за бришење
Штом ќе ти истече претплатата на HBO Max, може да испратиш барање за бришење.
Избери уред:
- На телефон или таблет Apple или Android, отвори ја апликацијата HBO Max.
- Најави се (ако е потребно) и избери го својот профил. Не можеш да се најавиш?
- Избери Приватност и правни информации и потоа Избриши ја мојата сметка. Апликацијата ќе отвори прозорец за прелистувач.
- Внеси ги информациите што се поврзани со твојата сметка и испрати го формуларот. Ако не ја знаеш адресата на е-пошта за сметката на HBO Max, оди на Ја заборавив мојата адреса на е-пошта за HBO Max.
- Провери дали во сандачето имаш е-порака од HBO Max (насловот на пораката е „Твоето барање за бришење на твојата сметка“).
- Отвори ја таа е-порака и избери Избриши ја мојата сметка.
- Отвори прелистувач и оди на HBOMax.com/account-delete.
- Избери го јазикот што го претпочиташ во горниот десен агол.
- Внеси ги информациите што се поврзани со твојата сметка и испрати го формуларот. Ако не ја знаеш адресата на е-пошта за сметката на HBO Max, оди на Ја заборавив мојата адреса на е-пошта за HBO Max.
- Провери дали во сандачето имаш е-порака од HBO Max (насловот на пораката е „Твоето барање за бришење на твојата сметка“).
- Отвори ја таа е-порака и избери Избриши ја мојата сметка.
Откако ќе ги завршиш овие чекори,ќе ја избришеме твојата сметка на HBO Max ако тоа е соодветно. Процесот на бришење сметка обично трае од 4 до 5 седмици. Ќе добиеш е-порака со известување кога ти е избришана сметката.
За да испратиш барање за бришење или за пристап до личните податоци што сме ги собрале од тебе, направи го следново:
- Оди до нашиот формулар за Барање за индивидуални права.
- Избери го јазикот што го претпочиташ (најгоре на екранот или во горниот десен агол).
- Избери Пристап или Бришење според видот на барањето.
- Пополни го формуларот и испрати го.
Напомена Треба да ја откажеш претплатата пред да испратиш барање за бришење.
За повеќе информации за ова , види го насловот Како може да ги контролираш твоите лични податоци? во нашата Политика за приватност.
За сите други барања за приватност, контактирај со нас на нашата адреса на е-пошта за Приватност: wbdprivacy@wbd.com.