Преземи серии и филмови на HBO Max

Може да преземаш серии и филмови од HBO Max на следниве мобилни уреди и да ги гледаш кога ќе бидеш офлајн:

  • Apple iPhone, iPad или iPod Touch
  • Телефон или таблет со Android
  • Amazon Fire таблет

Ти треба помош за преземање на апликацијата HBO Max? Оди во Инсталирај ја HBO Max на поддржани уреди.

Прашања и одговори за преземања

Основен пакет Број на
преземања
Стандарден 30*
Премиум 100*

Одредени содржини може да имаат уникатни ограничувања или рестрикции за преземања.

*Важат ограничувања

Прашања и одговори за преземања

Како да преземам нешто?

Што ти треба:

Еве како може да преземеш серија или филм:

  1. Најави се на HBO Max на телефонот или на таблетот. Не можеш да се најавиш?
  2. Најди нешто за преземање и избери ја иконата „Преземи“ стрелка насочена надолу.
    Нема икона „Преземи“? Ова значи дека серијата или филмот не се достапни за преземање.
  3. Иконата „Преземање' се ажурира за да го прикаже напредокот на преземањето. За да откажеш преземање, избери ја иконата за напредокот на преземањето анимиран круг, а потоа Откажи.
Меморија
  • Преземањата се чуваат во внатрешната меморија на телефонот или на таблетот (преземањата не може да се чуваат на SD-картичка).
  • За да го најдеш достапниот простор за меморија: отвори ја апликацијата HBO Max, потоа Поставки за апликацијата > Поставки за преземање.

Ти треба помош? Оди во Решавање проблеми.

Кои преводи и аудио се преземаат?

Во преземањата од HBO Max спаѓаат оригиналниот аудиозапис, преводите и аудиото на јазикот што последно го имаш избрано во HBO Max (ако е достапно), како и скриените титлови на англиски јазик (ако има).

На пример, ако започнеш да гледаш епизода со аудио и преводи на француски јазик, а потоа ја преземеш епизодата, HBO Max ќе ги преземе аудиото и преводите на француски јазик (како и англиските ако тоа е оригиналниот аудиозапис).

Како можам да ги гледам преземањата?
  1. Во HBO Max, избери ја иконата „Преземања“ стрелка насочена надолу (долен раб).
    Ако тековниот профил е Профил за возрасен, ќе најдеш преземања за секој профил на уредот. Детските профили можат да гледаат само серии и филмови преземени од нивниот профил.
  2. Избери го преземањето што сакаш да го гледаш.

Откако ќе почнеш да го гледаш преземањето, имаш 48 часа да го изгледаш пред да истече. Негледаните преземања истекуваат по 30 дена. Откако ќе истече, може да го обновиш или да го избришеш преземањето.

Ти треба помош? Оди на Не можам да обновам преземање.

Како да обновам преземања?

Кога ќе истече преземањето, треба да го обновиш пред да може да го гледаш. Еве како:

  1. Во HBO Max, избери ја иконата „Преземања“ стрелка насочена надолу (долен раб).
  2. Избери ја иконата „Истечено преземање“ часовник на преземањето што сакаш да го обновиш.
  3. Избери Обнови преземање (потребно е да се поврзеш на интернет за да обновиш преземање).

Ти треба помош? Оди на Не можам да обновам преземање.

Работи што треба да ги знаеш

  • Негледаните преземања истекуваат за 30 дена по преземањето (или кога серијата или филмот ќе го нема на HBO Max).
  • Откако ќе почнеш да го гледаш преземањето, имаш 48 часа да го изгледаш пред да истече.
  • Може да обновиш преземање повеќе пати.
Како да избришам преземања?
  1. Во HBO Max, избери ја иконата „Преземања“ стрелка насочена надолу (долен раб).
  2. Потоа, направи едно од следниве:
    • Избери ја иконата „Преземањето е завршено“ знак за штиклирање покрај преземањето, а потоа избери Избриши преземање.
    • Избери го името на серијата, копчето Уреди и избери X покрај епизодата/-ите што сакаш да ја/ги избришеш.

Ако повеќе немаш пристап до уред, може да се одјавиш од уред (со ова не се бришат преземањата на уредот). Неизгледаните преземања истекуваат автоматски по 30 дена.

Како да ги гледам преземањата кога патувам?

Кога патуваш во друга земја, може да ги гледаш сериите и филмовите што ги имаш преземано. Еве како:

  1. Пред да патуваш, преземи серии и филмови на телефонот или на таблетот.
  2. Осигури се дека се имаш најавено на HBO Max на уредот со преземањата.
  3. Кога патуваш, отвори ја апликацијата HBO Max и избери ја иконата „Преземања“ стрелка насочена надолу (долен раб).
  4. Избери го преземањето што сакаш да го гледаш.

Може да гледаш и да преземаш серии и филмови во земјите и во регионите каде што е достапен HBO Max. За повеќе информации, оди на Каде е достапен HBO Max?

Поставки за преземање

Промени го квалитетот на преземањето

За да го промениш квалитетот на видеото на преземањата:

  1. Во HBO Max, изберете го профилот.
  2. Избери Поставки на апликацијата >Поставки за преземање >Квалитет на видео.
  3. Избери квалитет на преземање: Добар, Подобар или Најдобар (стандардната поставка е Добар).

Оваа поставка се применува за сите профили на телефонот или на таблетот.

Преземај само преку Wi-Fi

Бидејќи со преземањата се троши многу интернет, можеби ќе сакаш да ги ограничиш да се преземаат преку Wi-Fi (наместо да користиш мобилна мрежа). За да ја промениш поставката „Преземај само преку Wi-Fi мрежа“:

  1. Во HBO Max, изберете го профилот.
  2. Избери Поставки на апликацијата >Поставки за преземање.
  3. Вклучи ја или исклучи ја поставката Преземај само преку Wi-Fi мрежа.

Оваа поставка се применува за сите профили на телефонот или на таблетот.

Решавање проблеми

Не можеш да ја најдеш иконата за преземање на некоја емисија или филм?

Ако не можеш да ја најдеш иконата за преземање arrow pointing down за епизода или филм, тоа може да биде поради неколку причини:

  • Уредот што го користиш не поддржува преземања (не можеш да преземаш емисии или филмови на компјутер или на ТВ-уред). Преземања се достапни само на:
    • Apple iPhone, iPad или iPod Touch
    • Повеќето телефони и таблети со Android
    • Таблети Amazon Fire
      (Не можеш да преземаш емисии или филмови на компјутер или на ТВ-уред.)
  • Епизодата или филмот не е достапна/-ен за преземање. Избраните епизоди и филмови не се достапни за преземање.
Не можам да гледам преземање

Прво, провери дали преземањето не е истечено (ако е истечено, поврзи се на интернет и обнови го преземањето).

Следно, обиди се со следниве чекори на телефонот или на таблетот:

  1. Осигури се дека се имаш најавено.
  2. Затвори ја апликацијата HBO Max.
  3. Вклучете го Авионскиот режим на телефонот или таблетот.
  4. Исклучи Wi-Fi.
  5. Отвори ја HBO Max и обиди се да гледаш преземање.

Ако ова не помага и користиш телефон или таблет со Android, обиди се да ја исчистиш cache-меморијата на HBO Max. Еве како:

  1. На телефон или таблет со Android, отвори „Поставки“ и пребарај за HBO Max.
  2. Избери ја HBO Max од резултатите од пребарувањето.
  3. Избери Меморија и cache-меморија или Меморија (во зависност од верзијата на Android iOS).
  4. Избери Исчисти ја cache-меморијата.
  5. Отвори ја HBO Max, најави се и обиди се да гледаш преземање.
Порака „Неуспешно преземање“

Ако користиш мобилен интернет, поврзи се на безжична мрежа и одново започни го преземањето.

Ако ова не помогне, оди во Реши проблем на HBO Max и пробај некој од предлозите за решавање проблеми.

Порака „Достигнато е ограничувањето за преземања“

Поракава значи дека твојата сметка го достигнала максималниот број преземања за твојот пакет за претплата на сите телефони и таблети. За да го поправиш ова, направи го следново:

  1. Прво, види кој пакет за претплата го имаш. Кој пакет го имам?
    Ако го имаш Стандардниот пакет, на сметката имаш 30 преземања истовремено на сите телефони и таблети најавени на твојата сметка. Ако го имаш Премиум пакетот, на сметката може да имаш 100 преземања истовремено на сите телефони и таблети најавени на твојата сметка.
  2. Провери го бројот на преземања на сите мобилни уреди што се најавени на твојата сметка. За да видиш кои телефони и таблети се најавени на твојата сметка, оди во Управувај со твоите уреди.

Порака „Достигнато е ограничувањето за епизоди“
Некои серии имаат ограничување за преземање 25 епизоди (истовремено на сите мобилни уреди). Ако на тековниот уред немаш 25 преземени епизоди од истата серија, провери ги преземањата на други телефони и таблети што се најавени на твојата сметка. За да ги видиш сите уреди што се најавени на твојата сметка, оди во Управувај со твоите уреди.

Порака „Достигнато е ограничувањето за филмови“
Пакетите Стандарден и Премиум имаат ограничување за преземање 30 филма (истовремено на сите мобилни уреди). Ако на тековниот уред немаш 30 преземени филма, провери ги преземањата на други телефони и таблети што се најавени на твојата сметка. За да ги видиш сите уреди што се најавени на твојата сметка, оди во Управувај со твоите уреди.

Порака „Достигнато е ограничувањето на меморијата“

Поракава значи дека нема доволно простор за преземање на избраните наслови на уредот. Ако ја добиеш поракава, провери колку достапна меморија има уредот и пробај да преземеш една епизода.

За да ја провериш достапната меморија:

  • Отвори ја апликацијата HBO Max на телефонот или на таблетот, избери го својот профил, па Поставки на апликацијата > Поставки за преземање. За подетални информации, отвори ги поставките на телефонот или таблетот со iOS или со Android и пребарај Меморија.
  • Количината на простор за складирање што е потребен за преземање наслов зависи од должината и квалитетот на видеото . На пример, преземање што трае еден час, со добар квалитет на видеото, може да зафати 1 – 2 GB простор од меморијата.

Ако оваа информација не помогна, контактирај нѐ за помош.

Меморија
Преземањата се складираат во внатрешната меморија на телефонот или на таблетот (преземањата не може да се зачуваат на SD-картичка).
Не може да обновиш преземање

За да обновиш преземање треба да ги исполнуваш следниве услови:

  • Да се наоѓаш во земја каде што е достапен HBO Max
  • Да се наоѓаш во земја каде што е достапна содржината
  • Да се најавиш на HBO Max
  • Да се поврзеш на интернет

Ако насловот повеќе не е достапен на HBO Max, не може да го обновиш преземањето. Во HBO Max, користи ја опцијата за пребарување за да дознаеш дали е достапен одреден наслов.