Како да го променам операторот за HBO Max?

HBO Max е достапна кај многу оператори на претплата. Твојот оператор е компанијата преку која се имаш претплатено и која ти наплаќа за HBO Max. Ако сакаш да се претплатиш преку друг оператор, следи ги следниве чекори:

Прво, откриј преку кого ти се наплаќа за претплатата.

Чекор 1: откриј кој ти наплаќа

Еве како да откриеш кој ти наплаќа за HBO Max:

  1. Направи едно од следниве:
    • Веб: оди на HBOMax.com/subscription и најави се на сметката. Не можеш да се најавиш?
    • Телефон, таблет или компјутер: во HBO Max, избери го профилот, па Претплата.
    • Телевизор: во HBO Max, избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Претплата.
  2. Тука ќе откриеш преку кого ти се наплаќа за претплатата (најгоре на екранот).

Може да провериш и во банкарските изводи или да го прашаш твојот оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија дали ти наплаќа за HBO Max.

Чекор 2: откажи ја претплатата

Ако претплатата на HBO Max ти е активна, ќе треба да ја откажеш. Кога ќе ја откажеш претплатата, провери кога истекува.

Може да продолжиш со гледање додека да ти истече претплатата на крајот од периодот на наплата.

Чекор 3: претплати се повторно

Кога ќе ти истече претплатата, може повторно да се претплатиш на HBO Max преку друг оператор.

За да дознаеш како, оди во Повторно претплати се на HBO Max.