Претплати се повторно на HBO Max

Ако и порано се имаш претплатено на HBO Max, еве како може да се претплатиш на HBO Max со постојната сметка (на овој начин ќе ги имаш своите профили, „Мојот список“ и историјата на гледање).

Начини на повторна претплата

Ова се начините на кои можеш повторно да се претплатиш на HBO Max:

HBOMax.com

Еве како повторно да се претплатиш преку веб:

  1. Оди на HBOMax.com/login и најави се на твојата сметка на HBO Max. Не можеш да се најавиш?
  2. На екранот „Добре дојде назад“, избери ја опцијата за повторно активирање на претплатата.
  3. Избери пакет за претплата и период на наплата, па продолжи.
  4. Додај го начинот на плаќање и започни ја претплатата.
  5. Избери Започни со гледање и може да почнеш да гледаш.

Сега може да се најавиш и да гледаш HBO Max на кој било поддржан уред.

Апликација HBO Max

Еве како повторно да се претплатиш преку продавница за апликации (на пр. Apple или Google):

  1. Отвори HBO Max и најави се со сметката за HBO Max. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери ја опцијата за повторно активирање на твојата претплата.
  3. Избери пакет за претплата и период на наплата.
  4. Следи ги упатствата на екранот за да се претплатиш преку продавницата за апликации.
  5. Избери Започни со гледање и може да почнеш да гледаш.

Сега може да се најавиш и да гледаш HBO Max на кој било поддржан уред.

Оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија

Еве како повторно да се претплатиш преку оператор:

Чекор 1: претплати се

Контактирај со оператор и претплати се на HBO Max (или на HBO).

За список на оператори за интернет, мобилен телефон и телевизија, оди на оператори за HBO Max. За да дознаеш кои оператори поддржуваат пакети, оди на Кои оператори нудат пакети?

Чекор 2: активирај ја претплатата на HBO Max

Откако ќе се регистрираш, треба да ја активираш претплатата на HBO Max пред да можеш да почнеш да гледаш HBO Max.

Решавање проблеми

Не можеш да гледаш откако повторно се претплати?

Обиди се да се одјавиш и повторно да се најавиш. Еве како:

  1. Во HBO Max, направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па избери Одјави се.
    • ТВ-уред: избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Одјави се.
  2. Најави се на HBO Max и пробај да гледаш нешто.

Ако ова не помогне, оди на Реши проблемот со претплатата на HBO Max.