Гледај „The Last of Us“

Снимена според познатата истоимена видеоигра, „The Last of Us“ се враќа со втора сезона. Дејството на серијата е сместено 20 години по уништувањето на модерната цивилизација. Исчеличениот Џоел кој го преживеал уништувањето, е ангажиран да ја извади Ели, 14-годишно девојче, од угнетувачката карантинска зона, што се претвора во патување полно со болка и емоции, во кое двајцата мора да се потпрат еден на друг за да преживеат. Пет години по настаните од првата сезона, Џоел и Ели имаат меѓусебен конфликт, но и конфликт со свет што е уште поопасен и понепредвидлив од оној што го оставија зад себе.

Втората сезона има 7 епизоди. За да дознаеш повеќе, оди на The Last of Us.

Пристапност

„The Last of Us“ е достапна со превод, скриени титлови (на англиски и на шпански јазик) и со аудиоопис (на неколку јазици). За повеќе информации, оди на Функции за пристапност на HBO Max.

Најави се и гледај

За да гледаш „The Last of Us“, најави се на HBO Max. Ти треба помош за да се најавиш на сметката на HBO Max? Оди на Најави се на HBO Max.

Ако немаш HBO Max, види Како да се претплатам на HBO Max?

Преземи го HBO Max на поддржан уред и започни со гледање уште денес.