„Мојот список“ и „Продолжи со гледање“

Секој профил на HBO Max има дел „Моите работи“ со „Мојот список“ и „Продолжи со гледање“.

  • Мојот список: список на содржини што сакаш да ги гледаш што го создаваш ти.
  • Продолжи со гледање: автоматски список на содржини што ги немаш догледано.

Мојот список

Кога ќе најдеш нешто што сакаш да го гледаш, може да го додадеш во „Мојот список“. Така, подоцна брзо ќе можеш да најдеш нешто за гледање.

Прикажи го „Мојот список“

Направи едно од следниве:

  • Во HBO Max, избери ја иконата „Моите работи“ беџ.
  • На почетниот екран, најди го редот Мојот список.

Прелистај ги насловите што ги додаде и избери нешто за гледање. Насловите се подредени по редоследот по којшто се додавани (последно додадениот наслов е прв).

Работи што треба да ги знаеш

  • Секој профил има свој „Мојот список“. Ако недостасуваат наслови, провери кој профил е активен.
  • Насловите остануваат во „Мојот список“ сѐ додека не ги отстраниш или додека не станат недостапни на HBO Max (користи Пребарувај лупа за да дознаеш дали одреден наслов е достапен на HBO Max).
Додај наслов
  1. Во HBO Max, најди наслов што сакаш да го додадеш.
  2. Направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери ја иконата „Мени“ три вертикални точки на насловот, па избери + Додај во Мојот список.
    • Телевизор: притисни и задржи на насловот што сакаш да го додадеш.

Може да ја избереш и иконата „Додај во Мојот список“ симбол плус на екранот со детали за насловот.

Ако сакаш да гледаш повеќе од неколку епизоди од некоја серија, може да ја додадеш целата серија наместо поединечни епизоди.

Отстрани наслов
  1. Во HBO Max, избери ја иконата „Моите работи“ беџ или најди го редот „Мојот список“ на почетниот екран.
  2. Направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери ја иконата „Мени“ три вертикални точки на ставката што сакаш да ја отстраниш, па избери Отстрани.
    • Roku (France only): Press the * button on your remote.
    • Друг телевизор: притисни и задржи 1 секунда на насловот што сакаш да го отстраниш.

Може да ја избереш и иконата со знак за штиклирање знак за штиклирање (телефон или таблет) или „Отстрани од 'Мојот список'“ на екранот со детали за насловот.

Продолжи со гледање

„Продолжи со гледање“ автоматски ги вклучува сериите и филмовите што не се догледани, како и следната епиозда од серијата што ја гледаш. Така лесно можеш да продолжиш од таму каде што имаш застанато со гледање.

Напомена Насловите автоматски се отстрануваат од „Продолжи со гледање“ по 90 дена.

Прегледај го твојот список „Продолжи со гледање“

Во HBO Max, направи што било од следниве:

  • Избери ја иконата „Моите работи“ беџ и потоа Продолжи со гледање.
  • На почетниот екран, најди го редот Продолжи со гледање.

Прелистај ги насловите и избери нешто за гледање.

Отстрани наслов
  1. Во HBO Max, избери ја иконата „Моите работи“ беџ или најди го редот Продолжи со гледање на почетниот екран.
  2. Направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери ја иконата „Мени“ три вертикални точки на ставката што сакаш да ја отстраниш, па избери Отстрани.
    • Roku (France only): Press the * button on your remote.
    • Друг телевизор: притисни и задржи 1 секунда на насловот што сакаш да го отстраниш.