Warner Bros. Discovery ЧПП
WarnerMedia и Discovery се здружуваат во една компанија наречена Warner Bros. Discovery? Еве неколку одговори на прашањата што може да ги имаш:
Warner Bros. Discovery е една од најголемите светски медиумски компании за забавни содржини. На гледачите им нуди најразновидно и комплетно портфолио на содржини, брендови и франшизи во областа на телевизија, филмови, стриминг услуги и платформи за гејминг. Новата компанија нуди комбинација од вести и врвни забавни и спортски содржини од WarnerMedia и најпознатите документарци и меѓународни забавни и спортски содржини од Discovery.
Нема да има никакви промени веднаш во претплатата или наплатата на HBO Max. Ние сме на почеток на нова авантура и сè уште немаме детали за цените. Сите идни промени на цените ќе ги соопштиме однапред. Во наредните месеци, може повторно да провериш тука за новости.
Ние сме на почетокот на нова авантура и работиме на нов предлог за да ги израдуваме обожавателите на двете платформи за гледање. Во овој момент, немаме што да споделиме за спојувањето во пакет. Во наредните месеци, може повторно да провериш тука за новости.
Нема да има никакви промени веднаш на библиотеките со содржини на HBO Max и discovery+. Бидејќи нашите две компании се здружуваат во Warner Bros. Discovery, ќе започнеме да работиме на нов предлог за да ги израдуваме обожавателите на двете платформи за гледање. Во наредните месеци, може повторно да провериш тука за новости.
Ние сме во раните фази на нова авантура која може да вклучува комбинирана апликација discovery+ и HBO Max. Засега, нема да има никакви промени во апликациите HBO Max или discovery+. Сите идни промени на производот ќе ги соопштиме однапред. Во наредните месеци, може повторно да провериш тука за новости.
Нема веднаш да има промени во твоите претплати или наплата на HBO Max и discovery+. Бидејќи нашите две компании се здружуваат во Warner Bros. Discovery, ние ќе почнеме да работиме на нашите нови понуди. Ќе те известиме за сите идни промени или понуди. Исто така, во наредните месеци може повторно да провериш тука за новости.
Не, не треба да правиш ништо. Нема да има никакви промени во твојата претплата или наплата на HBO Max. Ние сме во раните фази на нова авантура и ќе те известиме за сите идни промени или понуди. Исто така, во наредните месеци може повторно да провериш тука за новости.
Проверувај тука за новости во наредните месеци.