Како да го променам јазикот?

Стандардно, апликацијата HBO Max го користи истиот јазик што го користиш на уредот. Меѓутоа, може да го промениш прикажаниот јазик доколку сакаш. Еве како:

  1. Отвори ја апликацијата HBO Max и префрли се на твојот профил.
  2. Направи едно од следниве:
    • Телефон или таблет: Допри ја иконата Профил (на долниот раб кај телефони, на левиот раб кај таблети), а потоа иконата Поставки (горе лево). Избери Јазик за приказ.
    • Tелевизиски уред: Избери ја иконата Поставки (долу лево), а потоа избери Јазик за приказ (на јазичето Мој профил).
    • Компјутер: Избери ја иконата на твојот профил (горе десно), а потоа избери Јазик за приказ.
  3. Избери го јазикот што го преферираш. Поставката за прикажаниот јазикот се зачувува на твојот профил и ќе се користи на сите уреди.

Еве како HBO Max го користи твојот прикажан јазик кога ќе пуштиш некоја серија или филм:

  • Сериите и филмовите на HBO Max автоматски се пуштаат со оригиналниот аудиојазик и со превод на твојот прикажан јазик.

Ако сакаш да го промениш јазикот на аудиото или на преводот, почни да гледаш нешто, а потоа избери го копчето Аудио и превод (балонче со текст) во видеоплеерот. Тука може да избереш јазик на аудио и превод. За да дознаеш повеќе, види Превод, титли и алтернативно аудио.

Забелешка  Ако патуваш во земја што не го поддржува твојот прикажан јазик, прикажаниот јазик стандардно ќе се постави на англиски јазик.