Прашања и одговори за емисии и филмови

Што е ново на HBO Max?
  • Отвори ја HBO Max и оди низ редовите на почетниот екран.
  • Отвори го менито Прелистај и потоа избери Тукушто додадено.
  • Регистрирај се за ажурирања по е-пошта (во Поставки) за да добиваш препораки за нови емисии и филмови.
Колку често се ажурира програмата на HBO Max?

Нови филмски хитови и епизоди се додаваат во текот на целата година. И, се разбира, постарите епизоди се достапни за гледање.

За да видиш што е ново, отвори го менито Прелистај и потоа избери Тукушто додадено. Исто така, можеш да го отвориш менито Прелистај, а потоа да избереш Серии или Филмови и потоа Тукушто додадено од хоризонталното мени.

Можам ли да прелистувам или пребарувам еден бренд?

Да. Центрите ти овозможуваат да прелистуваш емисии и филмови од еден бренд, на пр. HBO или DC.

За да ги видиш центрите на HBO Max:

  • На почетниот екран, оди надолу до редот Центри.
  • Телевизор: Оди налево и избери ја иконата Центри (долж левиот раб).
  • Телефон, таблет или компјутер: Избери ја иконата Мени (горе лево) и потоа оди надолу до Центри (дното на менито).

Можеш да пребаруваш и емисии и филмови од еден бренд или центар. На пример, можеш да пребаруваш за „Warner Bros“ за да гледаш емисии и филмови од Warner Bros.

Дали можам да гледам емисии на HBO кога се емитуваат на телевизија?

Повеќето нови серии и филмови на HBO се достапни на HBO Max кога премиерно ќе се прикажат на HBO. За емисиите и настаните во живо на HBO потребно е време за да се подготват за HBO Max. Таквата содржина вообичаено е достапна во рок од 24 часа од првото емитување.

Што е Max Originals продукција?

Max Originals продукција се оригинални серии и филмови произведени за HBO Max. За да пребаруваш Max Originals, отвори го менито Прелистај и потоа избери Originals. Исто така, може да ја избереш иконата Пребарај и да напишеш „Max Originals“.

Можам ли да гледам емисии кога сум офлајн?

Да, може да преземаш емисии и филмови за да ги гледаш подоцна кога ќе бидеш офлајн. На овој начин можеш да гледаш HBO Max кога немаш мрежна врска. Сè може да се преземе. За да дознаеш повеќе, види Преземање емисии и филмови.

Како да најдам емисии и филмови од мојата земја и други земји?

За да гледаш емисии и филмови од твојот регион, отвори го менито Прелистај и потоа избери Локални продукции.

За да гледаш емисии и филмови од други земји, отвори го менито Прелистај и потоа избери Меѓународни. Меѓународниот жанр вклучува наслови од други земји, вклучувајќи ги и познатите оригинални серии од HBO Латинска Америка, HBO Азија и HBO Северна Америка.

Зошто не е достапна одредена емисија или филм?

Некои филмови и емисии се достапни само за ограничено време. Наша цел е да обезбедиме најдобри понуди и ќе продолжиме да носиме висококвалитетни програми на нашата платформа за гледање.

Ако одредена епизода од некоја серија не е достапна, види Епизода што недостасува на HBO Max.

Дали има детски серии и емисии на HBO Max?

Да. За да видиш што имаме за деца, оди во Детски и семејни или во апликацијата HBO Max отвори го менито Прелистај, а потоа избери Детски и семејни. Во делот Детски и семејни, можеш да прелистуваш по возрасна група (2-5, 6-9, 10-12 и 13+ години), Тукушто додадено, Анимација или да прелистуваш по ликови.

Може да создадеш и до 5 профили, вклучително и за твоите деца, со родителски контроли што ограничуваат што може да се гледа. За да дознаеш повеќе, види Детски профили и родителски контроли.

Што е рејтинг на серии и филмови?

Рејтинзите даваат насоки за тоа колку се соодветни дадени епизоди и филмови на HBO Max за одредена возраст. Рејтингот за зрелост за епизода или филм се појавува:

  • На страницата со детали за епизода или филм.
  • Во горниот лев агол кога првпат ќе гледаш епизода или филм.

За да ги ограничиш емисиите и филмовите што може да ги гледа твоето дете, види Детски профили и родителски контроли.

Можам ли да купувам серии врз основа на плаќање по преглед?

Не. HBO Max во моментов не нуди емисии или настани со плаќање по преглед.