Обнови ја претплатата на HBO Max

Има неколку начини на кои можеш повторно да ја започнеш откажаната или истечена претплата:

Види исто така: Колку чини HBO Max?

Обнови на HBOMax.com

За да ја обновиш претплатата, најави се на твојата сметка. Еве како:

  1. Оди на HBOMax.com/subscribe на телефонот или компјутерот.
  2. Во горниот десен агол, избери Најави се.
  3. Внеси ја е-поштата и лозинката на твојата сметка, а потоа избери Најави се. Не можеш да се најавиш?
  4. Избери Претплати се веднаш.
  5. Избери го твојот план за претплата, а потоа Продолжи.
  6. Додај ги твоите податоци за плаќање и започни ја претплатата.

Сега може да се најавиш и да гледаш HBO Max на сите омилени уреди.

Обнови преку продавница за апликации

За да ја обновиш претплатата, најави се на твојата сметка. Еве како:

  1. Отвори ја апликацијата HBO Max на поддржан уред.
  2. Најави се со е-поштата и лозинката на твојата сметка. Не можеш да се најавиш?
  3. Избери Претплати се веднаш (ако веќе се имаш најавено, пушти серија или филм за да го добиеш ова известување).
  4. Избери го твојот план за претплата, а потоа Продолжи.
  5. Следи ги упатствата на екранот за да се претплатиш преку продавницата за апликации на твојот уред.

Сега може да се најавиш и да гледаш HBO Max на сите омилени уреди.

Обнови преку ТВ или мобилен оператор

Еве како да ја обновиш претплатата преку ТВ или мобилен оператор:

Чекор 1: Регистрирај се

Претплати се на HBO Max преку ТВ или мобилен оператор (види Оператори за HBO Max).

Чекор 2: Поврзи ја претплатата со сметката

Поврзи ја новата претплата со постоечката сметка на HBO Max Еве како:

  1. Отвори ја апликацијата HBO Max и избери Најави се (ако веќе се имаш најавено, одјави се).
  2. Избери Регистрирај се кај оператор.
  3. Избери го твојот оператор од листата (преку кого се имаш регистрирано).
  4. На екранот Регистрирај се, внеси ги податоците за сметката на операторот и избери Поднеси.
  5. Следно, ќе се појави екран „Добре дојде на HBO Max“. Внеси ја твојата постоечка адреса на е-пошта на HBO Max, а потоа избери Создај сметка.
  6. На екранот Сметката е пронајдена, избери Потврди ја адресата на е-пошта.
  7. Провери го приемното сандаче за е-пошта од HBO Max со еднократен код (пораката е насловена „Ова е твојот еднократен код“). Потоа, внеси го кодот од е-поштата и избери Поврзи ги сметките. Ако не ја добиеш оваа е-пошта, види Сметката е пронајдена.

Откако твоите сметка и претплата ќе се поврзат, може да се најавиш и да гледаш на сите поддржани уреди.