Max пристигнува во мај

HBO Max ќе стане Max на 21 мај 2024 година.

Еве што треба да знаеш:

Што е Max?

Max доаѓа со сѐ што сакаш на HBO Max — вклучувајќи ги Warner Bros., Cartoon Network и DC Universe — заедно со спортски настани во живо и омилените канали како Discovery, TLC и HGTV. Освен тоа, ќе можеш да го гледаш секој момент од Олимписките игри во Париз 2024 со сите пакети на Max!

Дознај што ни пристигнува на max.com.

По што се разликува Max од HBO Max?

Max ќе содржи нови и проширени колекции, од вистински злосторства, документарци и ријалити, до кулинарство, семејство и дом, плус спортски настани во живо:

На Max ќе го има следново:

  • Најдоброто од HBO Max: гледај култни серии, хит филмови и многу повеќе од HBO, Warner Bros., Cartoon Network и DC Universe.
  • Фаворити од Discovery: најдобрите емисии со приказни од вистинскиот живот и многу повеќе.

Какви промени правиме?

  • Подобрена персонализација и понапредно пребарување
  • Подобрени перформанси
  • Полесно најавување и користење
  • ПИН за профилите за возрасни и за деца
  • Нови центри, вклучувајќи жанрови
Дали ќе има промена на цената за тековни претплатници?

Ако се претплатиш на HBO Max преку продавница за апликации или директно преку нас (на HBOMax.com), ќе те известиме подетално за цените како што ќе наближува лансирањето на Max.

Ако се претплатиш преку интернет, мобилен или ТВ-оператор, тој ќе те извести за какви било промени во цените.

Следи нѐ тука за повеќе детали.

Дали ќе има промени во пакетите?

Ако се претплатиш на HBO Max преку продавница за апликации или директно преку нас (на HBOMax.com), ќе те известиме подетално за пакетите како што ќе наближува лансирањето на Max.

Ако се претплатиш преку интернет, мобилен или ТВ-оператор, тој ќе те извести за какви било промени во пакетите.

Исто така, воведуваме и 2 основни пакети:

  • Стандарден:
    • Гледај на 2 уреди истовремено
    • Резолуција Full HD 1080
    • Целосна покриеност на Олимписките игри Париз 2024
    • До 30 преземања офлајн
  • Премиум:
    • Гледај на 4 уреди истовремено
    • Гледај во 4K UHD и Dolby Atmos (според достапноста)
    • Целосна покриеност на Олимписките игри Париз 2024
    • До 100 преземања офлајн (важат ограничувања)

Каналите и содржините во живо што се вклучени во кој било пакет ќе содржат реклами. Содржините по барање може да вклучуваат спонзорства и пласирање производи.

А воведуваме и нов додаток за спорт што може да се додаде кон кој било пакет:

  • Додаток Спорт* (потребен е основен план):
    • Гледај Eurosport 1 и Eurosport 2
    • Уживај во велосипедизам во живо, тенис и многу повеќе
    • Вклучени се и овогодишните Ролан Гарос и Тур де Франс

*Ограничено на 2 уреди од достапните основни пакети

Имаш претплата преку Apple?  Ако сакаш да гледаш спорт на Max, може да го избереш пакетот Премиум со Спорт.

Цените на Max се разликуваат во зависност од операторот и од пакетот. Следи нѐ тука за повеќе детали за пакетите и за цените за додатоците.

Дали јас треба да направам нешто како претплатник на HBO Max?

Кога Max ќе биде достапна во мај, апликацијата Max ќе ја замени HBO Max во продавниците за апликации.

Проверувај си ја е-поштата во текот на следните седмици за повеќе информации за Max.

На кои уреди ќе биде достапeн Max?

Max ќе биде достапeн на телефони, таблети, компјутери, телевизори, плеери за стриминг, уреди set-top box и конзоли за игри.

Ќе можам ли да ги задржам профилите и поставките што ги имам на HBO Max?

Да. Твоите профили, историјата на гледање и поставките на HBO Max ќе ти бидат достапни и на Max. Штом ќе биде достапeн Max ќе треба одново да ги преземеш твоите серии и филмови на Max.

Во моментов, на Max не се достапни приспособени слики за профил.

Имаш други прашања?

Ајде да го разгледаме Max.