Решавање проблеми на HBO Max на телевизор

Порака „Не можам да се поврзам“.
Обидете се да ја ажурирате апликацијата HBO Max на телевизискиот уред.

За други проблеми со апликацијата или стримувањето, изберете го вашиот уред подолу и обидете се со предлозите.

Изберете го уредот што го користите

AirPlay

За помош со AirPlay, одете на Гледање на телевизор користејќи AirPlay.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

Android TV

Можеби ќе треба да пробате повеќе од едно од овие решенија за да го решите проблемот.

Проверете за ажурирања

Прво, проверете дали вашата апликација HBO Max и Android TV се ажурирани.

  • Апликација HBO Max: На Android TV, означи ја плочката HBO Max, а потоа притисни и задржи на копчето за избор. Потоа, изберете Види детали > Ажурирај.
  • Android TV: На вашиот Android TV, одете на Поставки > Систем > За > Системско ажурирање > Проверете дали има ажурирање.

Потоа отворете го HBO Max и повторно обидете се да гледате.

Тестирајте ја брзината на врската

Ако видеата баферираат или се со слаб квалитет, причината може да биде бавна или неконзистентна мрежна врска.

Преземете апликација за тестирање брзина на интернет од Google Play Store и тестирајте ја брзината на врската (или тестирајте ја брзината на преземање на компјутер поврзан на истата мрежа со Android TV. Да го направите ова, отворете прелистувач и побарајте „тест за брзина на интернет“.

За да гледате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps (50+ Mbps се препорачува за 4k видео). За повеќе помош, видете Паузи или бафери на HBO Max.

Одјавете се и рестартирајте ги вашите уреди.
  1. Одјавете се од HBO Max.
  2. На Android TV, одете на Поставки > За > Рестартирај > Рестартирај.
  3. Отворете го HBO Max, најавете се и потоа повторно обидете се да гледате.
Исчистете ги кешот и податоците на апликацијата
  1. На Android TV, одете на Поставки > Апликации.
  2. Изберете HBO Max од листата со апликации.
  3. Изберете Избриши кеш.
  4. Изберете Избриши податоци.
  5. Отворете го HBO Max, најавете се и потоа повторно обидете се да стримувате.
Деинсталирајте го HBO Max и повторно инсталирајте го
  1. На Android TV, одете на Поставки > Апликации и изберете HBO Max.
  2. Изберете Деинсталирај.
  3. Одете на Апликации и најдете го HBO Max.
  4. Изберете HBO Max, а потоа изберете Инсталирај.
  5. Отворете го HBO Max, најавете се и потоа повторно обидете се да стримувате.

За повеќе помош со Android TV, одете на Помош за Android TV.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

Apple TV

Можеби ќе треба да пробате повеќе од едно од овие решенија за да го решите проблемот.

Проверете за ажурирања

Прво, проверете дали вашата апликација HBO Max и Apple TV се ажурирани.

  • Апликација HBO Max: Одете на продавницата за апликации и пребарајте за HBO Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, изберете Ажурирај.
  • Apple TV: На Apple TV, навигирајте до Поставки > Систем > Системски ажурирања > Ажурирај софтвер.

Потоа отворете го HBO Max и повторно обидете се да гледате.

Тестирајте ја брзината на врската

Ако видеата баферираат или се со слаб квалитет, причината може да биде бавна или неконзистентна мрежна врска.

Преземете апликација за тестирање брзина на интернет од Apple App Store и тестирајте ја брзината на врската (или тестирајте ја брзината на преземање на компјутер поврзан на истата мрежа со Apple TV. Да го направите ова, отворете прелистувач и побарајте „тест за брзина на интернет“.

За да гледате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps (50+ Mbps се препорачува за 4k видео). За повеќе помош, видете Паузи или бафери на HBO Max.

Одјавете се и рестартирајте го Apple TV.
  1. Одјавете се од HBO Max.
  2. Рестартирајте го Apple TV одејќи на Поставки > Систем > Рестартирај.
  3. Отворете го HBO Max, најавете се и потоа повторно обидете се да стримувате.
Избришете и повторно инсталирајте го HBO Max
  1. Од почетниот екран, означете ја апликацијата HBO Max.
  2. Притиснете и задржете на површината на допир две секунди и потоа притиснете го копчето Пушти/Пауза.
  3. Изберете Избриши.
  4. Отворете ја продавницата за апликации на Apple TV.
  5. Најдете ја апликацијата HBO Max и изберете Инсталирај.
  6. Отворете го HBO Max, најавете се и потоа повторно обидете се да гледате.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

Chromecast

За помош со Chromecast, одете на Chromecast HBO Max до телевизорот.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

LG TV

Можеби ќе треба да пробате повеќе од едно од овие решенија за да го решите проблемот.

Проверете за ажурирања

Прво, проверете дали вашата апликација HBO Max и LG TV се ажурирани.

  • Апликација HBO Max: На далечинскиот управувач на LG TV, притиснете го копчето Home и изберете LG Content Store. Изберете Апликации, а потоа Мои апликации. Пронајдете и изберете го HBO Max, а потоа изберете Ажурирај.
  • LG TV: На далечинскиот управувач на LG TV, притиснете го копчето Поставки, а потоа изберете Сите поставки > Општо > За овој телевизор > Провери за ажурирања.

Потоа отворете го HBO Max и повторно обидете се да гледате.

Тестирајте ја брзината на врската

Ако видеата баферираат или се со слаб квалитет, причината може да биде бавна или неконзистентна мрежна врска. Тестирајте ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа со LG TV. Да го направите ова, отворете прелистувач и побарајте „тест за брзина на интернет“.

За да гледате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps (50+ Mbps се препорачува за 4k видео). За повеќе помош, видете Паузи или бафери на HBO Max.

Одјавете се и рестартирајте го LG Smart TV
  1. Одјавете се од HBO Max.
  2. Ислучете го кабелот на LG TV.
  3. Почекајте 20 секунди и повторно приклучете го напојувањето на телевизорот.
  4. Повторно отворете го HBO Max, најавете се и повторно обидете се да стримувате.
Избришете и повторно инсталирајте го HBO Max
  1. Притиснете го копчето Почетна страница на далечинскиот управувач за LG TV.
  2. Притиснете и држете го копчето Избери (центар на D-pad) да влезете во режим на уредување.
  3. Пронајдете го HBO Max, потоа притиснете на D-pad нагоре и изберете X над апликацијата.
  4. Изберете Да за да потврдите.
  5. Повторно инсталирајте го HBO Max (отворете ја LG Content Store и инсталирајте го HBO Max).
  6. Откако повторно ќе го инсталирате, изберете Стартувај, потоа најавете се и повторно обидете се да стримувате.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

Конзола PlayStation (во одредени земји)

Можеби ќе треба да пробате повеќе од едно од овие решенија за да го решите проблемот.

Проверете за ажурирања

Прво, проверете дали вашата апликација HBO Max и конзолата PlayStation се ажурирани.

  • Апликација HBO Max: На вашиот Playstation, проверете дали е означен HBO Max. Притиснете го копчето Option на контролорот, а потоа Провери за ажурирање.
  • Конзола PlayStation: На Playstation, одете на менито Поставки и изберете Ажурирање на системскиот софтвер.

Потоа отворете го HBO Max и повторно обидете се да гледате.

Тестирајте ја брзината на врската

Ако видеата баферираат или се со слаб квалитет, причината може да биде бавна или неконзистентна мрежна врска.

  • За да стримувате HD-видео, потребна ви е врска со висока брзина и минимална брзина на преземање од 5 Mbps.
    • На вашиот PlayStation 4, одете во Поставки > Мрежа > Тест за интернет-врска.
    • На вашиот PlayStation 5, одете во Поставки > Мрежа > Статус на врска > Види статус на врска > Брзина на врска.
  • Проверете го статусот на услугата на PlayStation на Страницата за статус на PlayStation.

За повеќе помош, видете Паузи или бафери на HBO Max.

Одјавете се и рестартирајте ја конзолата PlayStation.
  1. Одјавете се од HBO Max.
  2. Исклучете ја конзолата PlayStation.
  3. Почекајте 20 секунди и повторно вклучете го PlayStation.
  4. Повторно отворете го HBO Max, најавете се и повторно обидете се да гледате.
Избришете и повторно инсталирајте го HBO Max
PlayStation 4
  1. Од почетното мени на XMB на PlayStation, одете на Телевизиски/видео услуги.
  2. Означете го HBO Max, а потоа притиснете на копчето Опции на контролорот.
  3. Изберете Избриши.
  4. Повторно инсталирајте го HBO Max (одете на PlayStation Store и преземете го HBO Max).
  5. Отворете го HBO Max, најавете се, а потоа повторно обидете се да стримувате.
PlayStation 5
  1. На почетното мени Медиуми на PlayStation 5, означете го HBO Max, а потоа притиснете на копчето Опции на контролорот.
  2. Изберете Избриши, а потоа Во ред.
  3. Повторно инсталирајте го HBO Max (одете на Сите апликации и преземете го HBO Max).
  4. Отворете го HBO Max, најавете се, а потоа повторно обидете се да стримувате.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

Samsung TV

Можеби ќе треба да пробате повеќе од едно од овие решенија за да го решите проблемот.

Проверете за ажурирања

Прво, проверете дали вашата апликација HBO Max и Samsung TV се ажурирани.

  • Апликација HBO Max: На вашиот Samsung TV, отворете го Smart Hub и изберете Апликации > иконата Поставки (горниот десен агол) > Ажурирања.
  • Samsung TV: На далечинскиот управувач за Samsung TV, притиснете го копчето Мени, а потоа изберете Поставки > Ажурирање на софтверот > Ажурирај сега. Откако ќе заврши ажурирањето, одете на страницата со апликации и почекајте 5 минути.

Потоа отворете го HBO Max и повторно обидете се да гледате.

Тестирајте ја брзината на врската

Ако видеата баферираат или се со слаб квалитет, причината може да биде бавна или неконзистентна мрежна врска. Тестирајте ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и вашиот Samsung TV. Да го направите ова, отворете прелистувач и побарајте „тест за брзина на интернет“.

За да гледате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps (50+ Mbps се препорачува за 4k видео). За повеќе помош, видете Паузи или бафери на HBO Max.

Одјавете се и рестартирајте го Samsung TV
  1. Одјавете се од HBO Max.
  2. Ислучете го кабелот на Samsung TV.
  3. Почекајте 20 секунди и повторно приклучете го напојувањето на телевизорот.
  4. Повторно отворете го HBO Max, најавете се и повторно обидете се да стримувате.
Избришете и повторно инсталирајте го HBO Max
  1. Отворете го Smart Hub.
  2. Користете ги копчињата за навигација на далечинскиот управувач за да го означите HBO Max.
  3. Направете едно од следниве во зависност од вашиот телевизор:
    • Притиснете и држете Внеси на далечинскиот управувач, изберете Избриши, а потоа изберете Да за да потврдите.
    • Притиснете Надолу на далечинскиот управувач, изберете Отстрани, потоа повторно Отстрани за да потврдите.
  4. Пребарајте за HBO Max.
  5. Изберете HBO Max за повторно да ја инсталирате апликацијата.
  6. Откако ќе ја инсталирате, изберете Стартувај, потоа најавете се и повторно обидете се да стримувате.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

Vodafone TV (во одредени земји)

Апликацијата HBO Max не е достапна на уредите Vodafone TV во сите земји.

Можеби ќе треба да пробате повеќе од едно од овие решенија за да го решите проблемот.

Проверете за ажурирања
  1. Апликација HBO Max: На Vodafone TV, проверете за ажурирање за HBO Max. Ако е достапно ажурирање, ажурирајте ја апликацијата HBO Max на Vodafone TV.
  2. Vodafone TV: На Vodafone TV, одете во Поставки > Поставки за уредот > За > Системско ажурирање.
Одјавете се и рестартирајте го Vodafone TV
  1. Одјавете се од HBO Max.
  2. Исклучете го кабелот од уредот Vodafone TV.
  3. Почекајте 20 секунди и повторно приклучете го напојувањето на телевизорот.
  4. Повторно отворете го HBO Max, најавете се и повторно обидете се да стримувате.
Тестирајте ја брзината на врската

Ако видеата баферираат или се со слаб квалитет, причината може да биде бавна или неконзистентна мрежна врска. Тестирајте ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и вашиот Vodafone TV. Да го направите ова, отворете прелистувач и побарајте „тест за брзина на интернет“.

За да стримувате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps. За повеќе помош, видете Паузи или бафери на HBO Max.

Конзола Xbox (во одредени земји)

Можеби ќе треба да пробате повеќе од едно од овие решенија за да го решите проблемот.

Проверете го статусот на услугата на Xbox

Проверете го статусот на услугите на HBO Max и Xbox на Страницата за статус на Xbox.

Проверете за ажурирања

Прво, проверете дали вашата апликација HBO Max и конзолата Xbox се ажурирани.

  • Апликација HBO Max: На Xbox, одете на Мои игри и апликации, означете го HBO Max, а потоа притиснете на копчето Мени на контролорот и изберете Управување со апликација за да инсталирате ажурирање на апликацијата.
  • Конзола Xbox: На Xbox, одете на Поставки > Систем > Ажурирања > Ажурирај конзола.

Потоа отворете го HBO Max и повторно обидете се да гледате.

Одјавете се и рестартирајте ја конзолата
  1. Одјавете се од HBO Max.
  2. Притиснете на копчето Xbox на контролорот и изберете Рестартирај конзола > Рестартирај.
  3. Отворете го HBO Max, најавете се и потоа повторно обидете се да гледате.
Тестирајте ја брзината на врската

За да ја тестирате брзината на врската, одете на Решавање проблеми со врската на Xbox и стартувајте го тестот за брзина на Xbox.

За да гледате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps (50+ Mbps се препорачува за 4k видео). За повеќе помош, видете Паузи или бафери на HBO Max.

Деинсталирајте го HBO Max и повторно инсталирајте го
  1. Одете на Мои игри и апликации.
  2. Означете го HBO Max, а потоа притиснете на копчето Мени на контролорот.
  3. Изберете Деинсталирај.
  4. Повторно инсталирајте го HBO Max (одете на Апликации и преземете го HBO Max).
  5. Отворете го HBO Max, најавете се и потоа повторно обидете се да гледате.

Сè уште ви треба помош?

Забележете ја пораката или кодот за грешка на екранот (ако е применливо) и наведете ги кога ќе контактирате со нас.

Уредот не е наведен? Одете на поддржани уреди.