HBO Max бавно вчитува, баферира или паузира

Многу фактори можат да влијаат на репродукцијата на видеото, вклучувајќи го пропусниот опсег на мрежата, брзината на поврзување и достапната меморија на вашиот уред.

Кој уред го користите?

Ако видеото често баферира или е со слаб квалитет, еве неколку работи со кои можете да се обидете:

Тестирајте ја брзината на врската
  • Android: Преземете апликација за тестирање брзина на интернет од продавницата на Google Play и тестирајте ја брзината на врската.
  • iOS: Преземете апликација за тестирање брзина на интернет од Apple App Store и тестирајте ја брзината на врската.

За да стримувате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps.

Ажурирајте го HBO Max

Проверете дали ја имате најновата верзија на апликацијата HBO Max:

  • Android: Отворете ја Play Store на вашиот уред Android и барајте за HBO Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, допрете Ажурирај.
  • iOS: Отворете ја App Store на вашиот уред Apple и пребарајте за HBO Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, допрете Ажурирај.
Стримување преку WiFi

Ако користите мобилна податочна врска, поврзете се на безжична мрежа за да видите дали репродукцијата е подобрена (одете во Поставки на вашиот уред за да се поврзете на WiFi-мрежа).

Намалете ја активноста на вашата мрежа

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да паузираат со нивната активност. Ова ќе одвои што е можно поголем пропусен опсег за стримување на HBO Max.

Одјавете се и рестартирајте ги вашите уреди.
  1. Одјавете се од HBO Max. Допрете ја иконата Профил (на долниот раб за телефони, на левиот раб за таблети), иконата Поставки (горе лево), а потоа одете надолу и допрете Одјава.
  2. Исклучете го телефонот или таблетот со HBO Max.
  3. Исклучете го напојувањето од вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.).
  4. Почекајте 30 секунди.
  5. Повторно поврзете го напојувањето на вашиот модем и почекајте да се поврзе на интернет (околу една минута).
  6. Повторно поврзете го напојувањето на вашиот рутер и почекајте да се поврзе на интернет.
  7. Вклучете го телефонот или таблетот. Потоа, отворете HBO Max, најавете се и потоа обидете се да стримувате.
Обидете се со друг уред

Обидете се да го стримувате HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со вашата мрежа или со одреден уред.

Ако видеото често баферира или е со слаб квалитет, еве неколку работи со кои можете да се обидете:

Тестирајте ја брзината на врската

Тестирајте ја вашата интернет-врска за да бидете сигурни дека имате минимална брзина на преземање од 5 Mbps. Да го направите ова, отворете прелистувач и побарајте „тест за брзина на интернет“. Ако брзината на преземање не го исполнува минимумот, контактирајте со вашиот давател на интернет за да ги решите проблемите со брзината на врската.

Проверете го вашиот прелистувач.

Проверете дали користите поддржан прелистувач.

Ако вашиот прелистувач е поддржан, ажурирајте го вашиот прелистувач на најновата верзија. За да дознаете како да го направите ова, пребарајте на Интернет за „ажурирање“ + името на вашиот прелистувач (нпр. ажурирање Chrome).

Обидете се со друг прелистувач.

Обидете се да користите различен поддржан прелистувач. Ако видеата успешно се репродуцираат со друг прелистувач, проверете ја конфигурацијата на прелистувачот:

  • Проверете дали колачињата од трети лица се овозможени.
  • Оневозможете го софтверот за блокирање реклами.
  • Исклучете го приватното прелистување или режимот инкогнито.
  • Оневозможете дополнителни компоненти, екстензии и додатоци на прелистувачот.

Затворете го и повторно отворете го прелистувачот, а потоа повторно обидете се да пуштите видео.

Намалете ја активноста на мрежата

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да паузираат со нивната активност. Ова ќе одвои што е можно поголем пропусен опсег за стримување на HBO Max.

Рестартирајте ги вашите уреди

Рестартирајте го компјутерот и мрежните уреди. Еве како:

  1. Одјавете се од HBO Max. Да го направите ова, изберете го вашиот профил (горе десно), а потоа изберете Одјава.
  2. Затворете ги сите апликации и рестартирајте го вашиот компјутер.
  3. Исклучете го напојувањето од вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.).
  4. Почекајте 30 секунди.
  5. Повторно поврзете го напојувањето на вашиот модем и почекајте да се поврзе на интернет (околу една минута).
  6. Повторно поврзете го напојувањето на вашиот рутер и почекајте да се поврзе на интернет.
  7. Вклучете го вашиот компјутер, одете на HBOMax.com и најавете се. Потоа повторно обидете се да стримувате.
Обидете се со жичена врска

За најдобри перформанси, обидете се да користите жичена врска со вашиот компјутер. За да го направите ова, поврзете го компјутерот со рутерот користејќи Етернет-кабел.

Проверете дали каблите до мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабав коаксијален или Етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Повеќе решавање проблеми на прелистувачот

Ако видеото често баферира или е со слаб квалитет, еве неколку работи со кои можете да се обидете:

Тестирајте ја брзината на врската

Ако видеото често баферира или е со слаб квалитет, тестирајте ја брзината на вашата интернет-врска:

  • Android TV: На вашиот Android TV, одете во Апликации и преземете апликација за тестирање брзина на Интернет за да ја тестирате брзината на врската (или тестирајте ја брзината од компјутер на истата мрежа). За да го направите ова, отворете прелистувач на вашиот компјутер и побарајте „тест за брзина на Интернет“.
  • Apple TV: На вашиот Apple TV, преземете апликација за тестирање брзина на Интернет за да ја тестирате брзината на врската (или тестирајте ја брзината од компјутер на истата мрежа). За да го направите ова, отворете прелистувач на вашиот компјутер и побарајте „тест за брзина на интернет“.
  • LG Smart TV: Тестирајте ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа со LG Smart TV. За да го направите ова, отворете прелистувач на вашиот компјутер и побарајте „тест за брзина на интернет“.
  • PlayStation 4 (во одредени земји): На вашиот PlayStation 4, одете во Поставки > Мрежа > Тест за интернет-врска.
  • PlayStation 5 (во одредени земји): На вашиот PlayStation 5, одете во Поставки > Мрежа > Статус на врска > Види статус на врска > Брзина на врска.
  • Samsung TV: Тестирајте ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и вашиот Samsung TV. За да го направите ова, отворете прелистувач на вашиот компјутер и побарајте „тест за брзина на интернет“.
  • Конзола Xbox (во одредени земји): Извршете го тестот за брзина на Xbox. За да дознаете како, видете Тест за брзина на Xbox.

За да стримувате HD-видео, потребна ви е минимална брзина на преземање од 5 Mbps. За најдоброто искуство со стримување 4k, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Ажурирајте го HBO Max

Проверете дали ја имате најновата верзија на HBO Max. За да го направите ова, отворете ја продавницата за апликации на вашиот уред и пребарајте го „HBO Max“. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, преземете го ажурирањето.

Намалете ја активноста на вашата мрежа

Ако други луѓе ја користат истата мрежа, замолете ги привремено да паузираат со нивната активност. Ова ќе одвои што е можно поголем пропусен опсег за стримување на HBO Max.

Одјавете се и рестартирајте ги вашите уреди.
  1. Одјавете се од HBO Max. За да го направите ова, изберете ја иконата Поставки (долу лево), потоа одете надесно додека не видите Одјава (при врвот) и изберете Одјава.
  2. Исклучете го или извадете го кабелот на телевизискиот уред.
  3. Исклучете го напојувањето од вашите мрежни уреди (модем, рутер, итн.).
  4. Почекајте 30 секунди.
  5. Повторно поврзете го напојувањето на вашиот модем и почекајте да се поврзе на интернет (околу една минута).
  6. Повторно поврзете го напојувањето на вашиот рутер и почекајте да се поврзе на интернет.
  7. Вклучете го телевизискиот уред, отворете го HBO Max и најавете се. Потоа повторно обидете се да стримувате.
Обидете се со друг уред

Обидете се да го стримувате HBO Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со вашата мрежа или со одреден уред.

Обидете се со жичена врска

За најдобри перформанси, обидете се да го поврзете вашиот уред за стримување со вашиот рутер користејќи Етернет-кабел (наместо да користите безжична врска).

Проверете дали каблите до мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабав коаксијален или Етернет-кабел може да го ослаби сигналот.