Гледај HBO Max додека патуваш

Кога патувате во друга земја или регион надвор од ЕЕО, каде што е достапен HBO Max (видете Каде е достапен HBO Max?), изборот на серии и филмови што можете да ги гледате може да се промени. Вашата матична земја е земјата во која се имате регистрирано на HBO Max.

Кога патувате во земја во ЕЕО:

  • Серии и филмови: Изборот на серии и филмови останува ист како во вашата матична земја.
  • Преземања: Можете да пуштате серии и филмови што веќе ги имате преземено на телефонот или таблетот.

Кога патувате во земја надвор од ЕЕО каде што HBO Max е достапен:

  • Серии и филмови: Она што е достапно за гледање на HBO Max се разликува според земјата или регионот. Ова значи дека изборот на серии и филмови ќе се промени врз основа на вашата физичка локација. Како резултат на тоа, можеби нема да можете да гледате наслови на Продолжи со гледање и Моја листа кога сте во земји надвор од ЕЕО.
  • Рејтинзи: Рејтинзите за содржините се засноваат на вашата физичка локација. Ако патувате во земја со различен систем за рејтинг на содржините, родителските контроли што ги имате поставено се применуваат, меѓутоа, сериите и филмовите можат да бидат со различен рејтинг.
  • Преземања: Можете да пуштате серии и филмови што веќе ги имате преземено на телефонот или таблетот.

Кога патувате во земја надвор од ЕЕО каде што HBO Max не е достапен:

  • Ќе добиете порака HBO Max не е достапен и нема да можете да гледате или да пристапувате до вашата сметка. Меѓутоа, ќе можете да пуштате серии и филмови што веќе ги имате преземено (за да го направите ова, треба веќе да се имате најавено).

Пред да патувате

  1. Преземете серии и филмови (до 30).
  2. Осигурите се дека сте најавени на HBO Max на телефонот или таблетот со преземањата.

На овој начин, можете да ги гледате вашите преземања кога патувате во која било земја или регион.