Прелистување и пребарување на HBO Max

Еве неколку совети и трикови за прелистување и пребарување.

Прелистување

Ако се двоумиш што сакаш да гледаш, отвори го менито Прелистај:

  • Телевизор: Оди налево и избери ја иконата Прелистај (3 хоризонтални линии).
  • Телефон, таблет или компјутер: Избери ја иконата Мени (3 хоризонтални линии).

Овде можеш да прелистуваш во продукцијата Originals, што има ново (Тукушто додадено) и по жанр (на пр. акција или комедија). Откако ќе избереш жанр, можеш да ги стесниш резултатите со избирање од хоризонталното мени (на пр. Одбрано, Тукушто додадено). На пример, од менито Прелистај може да избереш Комедија, а потоа Серии за да ги видиш сите комични серии.

Детски профил: Ако активниот профил е Детски профил, може да прелистуваш по возрасна група, Тукушто додадено, Анимација или да прелистуваш по ликови.

Пребарување

Бараш конкретна емисија или филм? Ако знаеш што сакаш да гледаш, можеш да ја користиш опцијата Пребарај. Избери ја иконата Пребарај (лупа) и потоа напиши што било од следниве:

  • име на серија
  • наслов на филм
  • наслов на епизода
  • актер или актерка
  • продуцент, режисер или сценарист
  • лик
  • бренд (на пр. Warner Bros, HBO)
  • жанр (на пр. комедија)

Како што пишуваш, ќе почнат да се појавуваат најрелевантните или најпопуларните резултати.

Ако на Детски профил се поставени родителски контроли, резултатите од пребарувањето ќе вклучуваат само емисии и филмови што се дозволени да се гледаат на профилот.

Не можеш да се одлучиш која епизода да ја гледаш? За да пуштиш епизода по случаен избор, побарај серија што ти се допаѓа, а потоа изберете Измешај на страницата за опис на серијата. Измешај е достапно со одредени серии (на пр. цртани и ситкоми) на компјутери и некои телевизиски уреди. Остани со нас бидејќи додаваме Измешај на повеќе уреди.

Диктирање на Siri

Можеш да ја користиш функцијата за претворање говор во текст за да пребаруваш емисии или филмови на Apple TV. Еве како:

  1. Отвори ја HBO Max на Apple TV и избери ја иконата Пребарај (долж левиот раб).
  2. Притисни и задржи на микрофонот на далечинскиот управувач.
  3. Изговори го името на емисијата или филмот.

За повеќе информации, види Употреба на диктирање на Siri на Apple TV. Диктирањето може да не е достапно во сите земји или региони.